Спорт
Пиоли: Мораме уште да растеме, копаме бунар за да најдеме вода!

Милан во третото коло на Лига Европа игра против француски Лил, а тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, вели дека неговата цел е тимот да созрева и да ги добива мечевите. Пиоли не може да е незадоволен како неговиот тим ја почна сезоната.
„Работиме квалитетно и добро се чувствуваме кога сме заедно. Многу сме сериозни, но само што почнавме. Мора да имаме храброст и уште да растеме. Да водиме меч на зрелоста и да напредуваме со вистински одлуки во нападот“, рече италијанскиот стратег.
Го изнесе и своето размислување пред мечот со францускиот клуб.
„Секогаш мислам позитивно и уверен сум во квалитетот на тимот. На почетокот сме. Малку сме како оние што копаат бунат и бараат вода. Ништо не си направил додека не ја најдеш наградата“, вели Пиоли пред мечот со Лил.
Инаку, Милан има само едно реми (против Рома) и 5 триумфи во Серија А сезонава, лидери се со 16 бода.
„Росонерите“ во Лига Европа славеа на првите две средби, на гости кај Селтик и на „Сан Сиро“ со Спарта Прага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.