Спорт
По само 3 месеци, Шкендија и Хуан Фелипе се разделија

Играше за Вардар, беше омилен кај „Комитите“, па реши да одите во Тетово, во редовите на лутиот ривал Шкендија. Сепак, авантурата на Бразилецот Хуан Фелипе во градот под Шар Планина траеше само 3 месеци.
Актуелниот македонски фудбалски шампион на клупската веб-страница објави дека ја прекинале соработката со 31-годишниот Бразилец и тоа во меѓусебен договор.
„Шкендија и бразилскиот фудбалер дојдоа до решение за спогодбен раскин на договорот. Челниците на клубот и фудбалерот на состанокот одржан неодамна дојдоа до заклучок дека во овој момент најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат порано од предвиденото. Шкендија му се заблагодарува на Хуан Фелипе за неговиот придонес во црвениот дрес за време на периодот додека беше со нас. Му посакуваме среќа во иднина“ – се вели во соопштението на Шкендија.
Бразилецот Фелипе беше најдобриот играч на Вардар при освојувањето на двете шампионски титули во сезоните 2015/16 и 2016/17, а несомнен беше и неговиот голем придонес во обезбедениот историски пласман во групната фаза од Лига Европа.
Тетовската екипа со Фелипе сакаше да ја пополни празнината по заминувањето на капитенот на тетовци, Ферхан Хасани, но тој не ги повтори игрите по кои стана препознатлив во дресот на Вардар.
Засега не е познато која е неговата следна дестинација во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.