Спорт
Почина голманот на Порто Алфредо Кинтана

Ракометниот клуб Порто, објави дека од последиците на срцевиот удар, починал 32-годишниот голман, Алфредо Кинтана.
Голманот, во понеделникот, за време на тренингот, доживеал инфаркт. Поради сериозноста на ситуацијата тој бил ставен во вештачка кома. За жал неговото срце не издржа и тој почина во петкот, во болницата „Сао Жоао“.
„Никогаш не очекувавме дека ќе објавиме ваква порака, нашиот драг Алфредо Кинтана не напушти денеска. Засекогаш ќе го паметиме како еден од нас. Вистински змеј. Почивај во мир“, објави клубот на социјалните мрежи.
Квинтана е роден на Куба, но бил и португалски државјанин десет години, забележал над 70 настапи за португалската репрезентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Симовски повеќе не е селектор на ракометарките

Симе Симовски повеќе не е селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија. Ракометната федерација и селекторот постигнале договор за спогодбен раскин на договорот.
„ Ракометната федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на Симе Симовски кој ја извршуваше оваа функција непречено во периодот септември 2015 до април 2021 година. Управниот Одбор на РФМ во периодот кој следи ќе назначи нов вршител на функцијата селектор на женските национални селекции“, објави Ракометната федерација на Македонија.
Спорт
Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2020

УЕФА ги објави имињата на 18 главни судии и нивните помошници кои ќе ја делат фудбалската правда на ЕУРО 2020. Прв пат, на едно Европско првенство, ќе судат и арбитри кои не се од Европа.
Најдобрите европски судии се делегирани за престојниот континентален собир од 11.јуни до 11.јули.
На листата се: Феликс Брих (Германија), Џунејт Чакир (Турција), Карлос дел Серо Гранде (Шпанија), Андреас Екберг (Шведска), Орел Гринфелд (Израел), Сергеј Карасов (Русија), Бјорн Кујперс (Холандија), Дани Макели (Холандија), Антонио Мигел Матеу Лахос (Шпанија), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Артур Мигуел Рибеиро Соареш (Португалија), Даниел Зибер (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клеман Тирпан (Франција).
Последен на оваа листа е Аргентинецот Фернардо Рапалини. Како дел од соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, тој ќе суди на ЕУРО 2020, а Шпанецот Хесус Хил Манзано ќе ја дели правдата да Копа Америка.
Прв пат е делегирана и една жена. Стефани Фрапар од Франција ќе ја има функцијата на четврти судија.
Сите главни судии и нивните помошници, како и ВАР-судиите, ќе се подготвуваат за ЕУРО 2020, во Истанбул од 10. до 13.мај. Истанбул ќе им биде база на судиите од 7.јуни се до четврт-финалето, кога УЕФА ќе ги одреди судиите за завршницата на шампионатот.
Спорт
Реал и Барселона би добиле најмногу пари од Суперлигата

„Мундо Депортиво“, објави како требало да се делат парите во европската Суперлига. Овој проект на 12 клубови: Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, пропадна и пред да биде применет во пракса.
Шампионот од една сезона би заработил 600 милиони евра. Но оваа сума, во случај на освојување на титулата, би ја освоиле само Реал и Барселона.
Наградниот фонд во првата сезона требало да биде неверојатни 10 милијарди евра и тој би им бил поделен на 20 клубови.
Но не било предвидено сите да добијат еднаква сума. Парите би се делеле според важноста на брендот, влијанието кај навивачите, влијанието на социјалните мрежи…
На стартот, 15 клубови би поделиле 3,5 милијарди евра и тоа на следниов начин.
Реал и Барселона би добиле по 600 милиони евра, а по 350 милиони, според рејтингот, би поделиле четири клуба. Рангираните од 6. до 9.место би добиле по 225 милиони, следните два тима по 112 и последните три по 100 милиони евра.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?