Спорт
Почина Ники Лауда
На 71 годишна возраст почина легендата на Формула 1 , Ники Лауда.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ник, во понеделникот, почина мирно во кругот на семејството. Неговите единствени достигнувања како спортист и бизнисмен ќе останат незаборавни. Тој е пример за сите нас, беше добар и грижлив сопруг, татко и дедо. Ќе ни недостига“, порача семејството на Лауда во соопштението што го објавија медиумите во Австрија.

Ники Лауда е трикратен Ф1 шампион. Титулите ги освојувал во 1975, 1977 и 1984 година. Во кариерата возел на 171 трка за Марч, БРМ, Ферари, Брабхам и Мекларен.
Здравствени проблеми, Лауда има уште од 1976 година кога имаше тежок инцидент на трката во Хокенхајм. Тој тогаш бил цела минута заробен во болидот кој се запали. Се здоби со изгореници на лицето, а исто така вдишал токсични материи. Сето тоа у предизвикало понатамошни здравствени проблеми и две трансплантации на бубрезите во 1997 и 2005 година.
Во 2018 година легендарниот Лауда имал трансплантација на белите дробови, а поради белодробна инфекција бил хоспитализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
По дебаклот во дербито Партизан го отпушти тренерот
Фудбалскиот клуб Партизан, п вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ.
Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ.
Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако главен во спортскиот сектор е поранешниот фудбалер, Предраг Мијатовиќ.
Тандемот Чакар-Ќетковиќ го презема тимот на втората позиција, со четири бода помалку од Црвена звезда.
Спорт
Кристијано Роналдо ја објави одлуката за својата судбина
Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср.
Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија.
Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем.
„Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам тука. Оваа земја ме прифати мене, моето семејство, моите пријатели. Среќен сум и повторно повторувам, ќе останам тука“, рече Португалецот.
Со овие два гола, Роналдо се приближи до бројката од 1000 гола во својата професионална кариера. Му недостасуваат уште 36 погодоци од магичната граница.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Милан загуби од Парма и остана без Лофтус-Чик
Милан доживеа шокнтен пораз од Парма на „Сан Сиро“ (0:1) и остана без Англичанецот Рубен Лофтус-Чик
Милан во четири дена испадна од трката за титулата во Серија А. Во средата одигра нерешено на домашен терен со Комо (1:1), а синоќа на истото место беше шокиран од Парма.
По 26 рубди во Серија А, Интер е лидер со 64 поени, 10 повеќе од Милан, додека со по 50 поени следуваат Наполи и Рома.
Покрај поразот од Парма, проблем за Масимилијано Алегри е и тешката повреда на Лофтус-Чик.
Англиченацот имаше жесток судар со голманот на парма, Корви. Остана без неколку заби, заработи и потрес на мозокот, фрактура на вилицата, а според првите прогнози, го очекува долга пауза.
Foto/ depositphotos
Il portiere del Parma esce fuori tempo e commette un fallo criminale su Loftus-Cheek. Il tutto in area di rigore e con la palla in gioco. Rigore netto. Ruben portato in ospedale. Il killer Piccicini fa finta di niente, a Lissone i monitor erano spenti. Vi dovete vergognare pic.twitter.com/64TLKyVtLT
— Simon Templar ❤️🖤❤️🖤 (@FuSimonTemplar) February 22, 2026

