Контакт

Популарно

Кличко и Фјури: Ќе има реванш

Објавено пред

Украинецот Владимир Кличко, рекол дека повторно ќе се бори со Тајсон Фјури, кој во саботата, во Диселдорф, го победи во мечот за титулата во тешката категорија.

dobivaj vesti na viber

Победата на Фјури е изненадување, но според она што 27-годишниот Британец го покажа во рингот тој ја заслужи победата. Фјури славеше на поени, ја прекина деветгодишната доминација на Кличко и го освои шампионските појаси во верзиите WBA, IBF i WBO и на магазинот The Ring. „Ја загубив борбата, но јас и понатаму останувам борец. Наскоро ќе се договориме каде и кога ќе биде реваншот“, рекол Кличко. Инаку, во договорот кој Кличко и Фјури го потпишаа пред мечот во Диселдорф вметната е опцијата за реванш, која Украинецот реши да ја искористи, а мечот најверојатно ќе биде во Велика Британија или Германија.„Сакам предизвици. Сакам да бидам шампион и секако дека би сакал ова да го повторам. Кој може да знае што ќе донесе реваншот. Можам само да кажам дека ќе биде експлозивен“, рекол новиот шампион во тешка категорија. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Пријавувањето за „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ заврши

Објавено пред

На 8 мај 2022 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје (кој е организатор на „Визер – Скопски маратон“ и „Авицена женска трка“), во соработка со АК Работнички. Главен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ е Halk Banka, а покровители се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета.Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.

Подетаљни информации за трката натпреварувачите може да најдат на официјалната страна на „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ – www.skopje.run.

Патеката на движење: стартот на трката е во 9 часот пред фонтаната „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крајот на булеварот Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата Никола Парапунов. Потоа се трча до крајот на улицата, каде што на семфорите се врти десно и се излегува на булеварот Партизански одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“, каде што се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со улицата Никола Парапунов, каде што се врти десно. Од улицата Никола Парапунов се трча до крајот, па се врти десно на булеварот Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да излезат и да им дадат поддршка на натпреварувачите.

Прикажи повеќе...

Популарно

(Видео) Барди еднаш ја има затресено мрежата на Португалија

Објавено пред

„Топспорт“ во Порто
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Повеќето од македонските репрезентативци имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за селекции до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2:4 од Португалија, но сè уште се памети убавиот гол на Енис Барди.

Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.

Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски на асистенција на Елиф Елмас.

Прикажи повеќе...

Популарно

Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

Објавено пред

„Топспорт“ во Порто,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Португалија е голем фаворит, но Македонија е „убиец“ на фаворитите. Ја победи Германија во квалификациите и ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Утревечер на „Драгао“ во Порто ќе се игра финалната пресметка за пласман на мундијалот.

Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош, смета дека ова е „натпревар на животот“, не само за Македонија, туку и за Португалија.

„Мислите дека ова е ‘натпревар на животот’ само за Македонија? Исто е и за нас. Светско првенство се одржува на четири години, за многу од нашите фудбалери ова е историска шанса да обезбедат пласман на најголемиот светски фудбалски настан. Токму затоа сме максимално фокусирани. Имаме огромна желба, имаме квалитет, ќе ја имаме и поддршката од нашите навивачи. Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме на утрешниот меч“, изјави Фернандо Сантош.

Билетите за стадионот „Драгао“ се распродадени, се очекува Португалија да има огромна поддршка, но и Македонија ќе има околу 2.500 фанови на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион2 часа

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија3 часа

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија3 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа3 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа3 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа3 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија20 часа

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија22 часа

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија22 часа

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија1 ден

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ1 ден

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија1 ден

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет1 ден

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион2 дена

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион2 дена

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...