Контакт

Популарно

Со триумф на Розберг заврши сезоната во Ф1

Објавено пред

Нико Розберг, возачот на Мерцедес, победи на трката за Големата награда на Абу Даби, со која заврши сезоната во Формула 1. Германецот на патеката „Јас Марина“, стигна до шестата победа во сезоната, вкупно 14-та во кариерата.

dobivaj vesti na viber

Розберг, заслужено победи во Абу Даби, а сама трка не понуди никакви возбудувања, Германецот ја водеше трката од почетокот до крајот. Може да се каже дека вистинскиот јунак на трката е Себастијан Фетел, кој поради грешката во квалификациите стартуваше од 15-то место, но трката ја заврши на четвртото место.Покрај Розберг место на победничкиот пиедестал изборија светскиот првак Луис Хамилтон и возачот на Ферари Кими Раиконен. Бодови во Абу Даби уште освоија Фетел, Перез (Форс Индија), Рикардо (Ред Бул), Хилкенберг (Форс Индија), Маса (Вилијамс), Грожан (Лотус) и Квјат (Ред Бул). Хамилтон сезоната ја заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а тре во генерланиот пласман е Фетел со 278 бодови.Наредната сезона во Формула 1 ќе започне ан 20.март со трката за Големата награда на Австралија. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Пријавувањето за „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ заврши

Објавено пред

На 8 мај 2022 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје (кој е организатор на „Визер – Скопски маратон“ и „Авицена женска трка“), во соработка со АК Работнички. Главен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ е Halk Banka, а покровители се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета.Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.

Подетаљни информации за трката натпреварувачите може да најдат на официјалната страна на „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ – www.skopje.run.

Патеката на движење: стартот на трката е во 9 часот пред фонтаната „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крајот на булеварот Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата Никола Парапунов. Потоа се трча до крајот на улицата, каде што на семфорите се врти десно и се излегува на булеварот Партизански одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“, каде што се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со улицата Никола Парапунов, каде што се врти десно. Од улицата Никола Парапунов се трча до крајот, па се врти десно на булеварот Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.

Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да излезат и да им дадат поддршка на натпреварувачите.

Прикажи повеќе...

Популарно

(Видео) Барди еднаш ја има затресено мрежата на Португалија

Објавено пред

„Топспорт“ во Порто
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Повеќето од македонските репрезентативци имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за селекции до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2:4 од Португалија, но сè уште се памети убавиот гол на Енис Барди.

Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.

Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски на асистенција на Елиф Елмас.

Прикажи повеќе...

Популарно

Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

Објавено пред

„Топспорт“ во Порто,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Португалија е голем фаворит, но Македонија е „убиец“ на фаворитите. Ја победи Германија во квалификациите и ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Утревечер на „Драгао“ во Порто ќе се игра финалната пресметка за пласман на мундијалот.

Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош, смета дека ова е „натпревар на животот“, не само за Македонија, туку и за Португалија.

„Мислите дека ова е ‘натпревар на животот’ само за Македонија? Исто е и за нас. Светско првенство се одржува на четири години, за многу од нашите фудбалери ова е историска шанса да обезбедат пласман на најголемиот светски фудбалски настан. Токму затоа сме максимално фокусирани. Имаме огромна желба, имаме квалитет, ќе ја имаме и поддршката од нашите навивачи. Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме на утрешниот меч“, изјави Фернандо Сантош.

Билетите за стадионот „Драгао“ се распродадени, се очекува Португалија да има огромна поддршка, но и Македонија ќе има околу 2.500 фанови на трибините.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Нехамер: Пристапувањето во НАТО не е опција

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји како Австрија и НАТО,...

Свет2 часа

Путин: Ако НАТО распореди војска во Финска и Шведска, ќе одговориме на ист начин

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. „...

Македонија2 часа

Петровска од Мадрид: Отпорноста и моќта на институциите и граѓаните е клучно во борбата против хибридните закани

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вчера во рамките на Самитот на НАТО во Мадрид учествуваше на работната вечера на министрите...

Македонија13 часа

Прекината седницата во Собрание за продолжување на работниот ангажман на судиите и обвинителите

Вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на...

Регион15 часа

Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на...

Регион17 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Свет17 часа

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од...

Македонија18 часа

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија19 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија20 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа20 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија21 час

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија22 часа

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...

Македонија22 часа

(Видео) Почна самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Денеска, во Мадрид и официјално почна самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација....

Свет23 часа

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и...

Европа23 часа

Санчез до Путин: Нема да победите

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО, кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар...

Европа1 ден

(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Речиси 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени во Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе...

Свет1 ден

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека...

Спорт1 ден

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...