Контакт

Популарно

Сакраменто и Атланта добија нови тренери

Објавено пред

НБА екипите Атланта Хоукс и Сакраменто Кингс добија нови тренери, се работи за Мајкл Мелоун и Мајк Баденхолцер, стручњаци кои досега работеле како асистенти во други екипи.

Мелоун е избор на новиот сопственик на Сакраменто, тој минатата сезона беше кандидат за тренер на Хјустон и Голден Стејт, но сезоната ја мина како прв асистент на Марк Џексон во Голден Стејт.

 

Баденхолцер, долга низа на години, од 1996 е дел од стручниот штаб на Сан Антонио, а во Атланта ќе пристигне по инсистирањето на Дени Фери, кој сега е генерален менаџер во овој клуб, а во минатото има соработувано со Баденхолцер./крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ подготвен за Европскиот клупски куп 2021

Објавено пред

Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот клупски куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно после 2015 ќе биде на „наш терен” во Струга.

Во 2016 година ШК „Алкалоид“ го освои Европскиот клупски куп и ја понесе титулата Европски шампион! Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање. Во 2017 година ШК „Алкалоид“ продолжи со успешен настап на Европскиот клупски куп и од Анталија (Турција) се врати со сребрениот медал.

За 2021 година клубот е подготвен за настап со неколку промени во својот машки состав. Новина е фактот дека ШК „Алкалоид“ за првпат ќе учествува на Европскиот клупски куп за жени со своја екипа.

Предводник на екипата е еден од најсилните светски шахисти, велемајсторот Shakhriyar Mammadyarov (Азербејџан) кој настапуваше за „Алкалоид“ во 2007, 2008, 2009 и 2019 година. Рангиран моментално на шестото место на Светската рејтинг листа, еден од ретките шахисти кои ја поминале границата од 2.800 рејтинг поени. Познат е и омилен на шаховската јавност по својот бескомпромисен и динамичен стил на игра. Оваа година на елитниот турнир Superbet Chess Classic кој што се одржа во јули во Романија, во конкуренција на најсилните светски шахисти го освои првото место.

Велемајсторот Yuriy Kryvoruchko (Украина) од странските појачувања досега има најмногу настапи за „Алкалоид“ на Европскиот клупски куп, на вкупно 5 настапи има одиграно 34 патии со мошне висок (74%) резултат, односно освоени 25 поени.

По успешниот настап во 2019 година, повторно во екипата на „Алкалоид“ е шампионот на САД за 2018 година велемајсторот Sam Shankland, кој со репрезентацијата на САД беше и освојувач на златен олимписки медал во 2018 година. Во 2021 година зад себе има неколку успешни турнири, победа на силниот затворен турнир Prague Masters освојувајќи 5,5 поени од 7 партии. На неодамна завршениот Светски куп 2021 стигна до четврт-финалето каде што по долга борба изгуби од поранешниот предизвикувач на светскиот првак, Сергеј Карјакин.

Повторно во екипата е велемајсторот Ernesto Inarkiev (Русија), европски шампион во поединечна конкуренција од 2016 година, кој за „Алкалоид“ настапи досега на два Европски клупски купови и тоа 2008 и 2019 година.

За првпат во екипата на ШК „Алкалоид“ ќе настапат:

– Велемајсторот Daniil Dubov (Русија), со светска шампионска титула во забрзан шах во 2018 година – освојувајќи го трофејот пред елитните велемајстори Магнус Карлсен;

– (Светскиот шампион од Норвешка), Шахријар Мамедјаров и Хикару Накамура (САД). Дваесет и петгодишниот Дубов важи за еден од најкреативните шахисти, честопати со победи во прекрасен стил.

– Велемајсторот Alexandr Predke (Русија), 27-годишен претставник на истата најсилна руска школа шахисти кој ќе ја засили оваа година екипата на „Алкалоид“.

Во составот на ШК „Алкалоид“ се македонските стандардни државни репрезентативци и повеќекратни државни шампиони, интернационален мајстор Филип Панчевски и велемајсторот Трајко Недев. Капитен на екипата е велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ. Со освежен состав, искусните „фармацевти“ ќе ја продолжат и оваа година спортската битка за европскиот врв.

На Европскиот клупски куп оваа година се пријавени 38 екипи, меѓу кои како конкуренти за највисок пласман ќе бидат Mednyi Vsadnik (Русија) – шампиони од 2017 година, Novy Bor (Чешка) – второпласирани 2018 година, KPRF (Русија) – вообичаено со мошне силен состав, Offerspill Chess Club (Норвешка) – со светскиот шампион Магнус Карлсен на првата табла. Во секој случај се очекува рамноправна и до крај неизвесна борба за подобар пласман и освојување на медали.

На Европскиот клупски куп во женска конкуренција, оваа година има релативно мал број екипи (само 8), но како и во минатите години голем дел од врвните шахистки се членови на екипите што ќе се борат за највисок пласман и тоа: Monte Carlo – повеќекратен освојувач на Европскиот клупски куп (со Aleksandra Goryackina која беше 2020 предизвикувач на светската првенка); GRECO Kyiv (Украина) – со елитните шахистки сестрите Muzycuk Ana (светска шампионка) и Marija (предизвикувачка и еднакво силна); а секако и најдобрата руска екипа South Ural.

ШК „Алкалоид“ во својот прв настап е рангиран во стартната листа према просечен рејтинг ва средината на табелата. Во својот состав ги има: интернационалните мајстори Polina Shuvalova (Русија) – најдобра светска јуниорка до 20 години, потоа Ekaterina Atalik (Турција) со Irina Bulmaga (Романија) кои веќе настапија за победничката екипа на „Алкалоид“ на неодамна завршеното екипно државно првенство за жени. Покрај нив, ќе настапат најдобрите македонски шахистки, долгогодишни државни репрезентативки: женски ФМ Моника Стојковска и женски ИМ Габриела Коскоска.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

(Видео) Гледачка предизвика еден од најголемите судири на велосипедисти на Тур де Франс

Објавено пред

Гледачка на Тур де Франс ненамерно предизвика инцидент и огромен застој на првата етапа од трката, откако поттикна еден од најлошите судири некогаш забележани.

Германскиот велосипедист Тони Мартин (36) се судри со гледачката крај патот, што предизвика домино ефект бидејќи потоа почнаа да паѓаат и велосипедистите зад него.

Воздушна снимка од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи, каде што некои од корисниците коментираа дека ова вројатно е најлошиот судир кој го виделе на Тур де Франс досега.

Видео снимено од поблизок агол детално покажува што се случило, бидејќи на него се гледа дека гледачката, која го предизвика страшниот инцидент, всушност излегла на патот за да се обиде да се појави пред камера.

Нејзиното име не е е објавено, но се гледа дека носи жолто палто и држи голем картонски натпис на кој пишува „ALLEZ OPI-OMI!“, што во превод значи „Напред дедо и бабо!“.

Таа со натписот им го блокираше патот на велосипедистите, но се чини дека во обид да се појави пред камерите, беше потполно несвесна за тоа.

Така, патот на Тони Мартин беше попречен и тој немаше друг избор освен да удри во гледачката, пред велосипедистот од левата страна да се сруши врз него.

Многу други застанаа, накратко запирајќи ја трката, додека оние што беа зафатени во судирот се обидоа да се опорават и да продолжат понатаму.

Некои од екипите учесници на трката подоцна се огласија на „Твитер“ и ги замолија навивачите да избегнуваат попречување на трасата.

Заменик-директорот на трката, Пјер-Ив Туло, за агенцијата „Франс прес“ изјави: „Ќе ја тужиме оваа жена која се однесуваше толку лошо. Ќе го направиме тоа за малкуте луѓе кои прават вакви испади да не го расипат шоуто за сите“.

Најголемата велосипедска трка во светот, 108. издание на Тур де Франс, започна вчера, а во првата етапа, на 197,8 километри долгиот пат од Брест до Ландерно, попеди светскиот шампион, Французинот Жулиен Алафилип.

Прикажи повеќе...

Популарно

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

Објавено пред

AKK RENAULT SPORT како организатор на RENAULT TWINGO CUP и официјалните претставници на LEMA Racing најавуваат уште еден интернационален настап за TWINGO CUP натпреварувачите и тоа на тркачката патека во Серес, Грција викендов на 26 и 27 јуни.

Во Серес ќе се возат петтата и шестата трка од Twingo Eurocup, бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија.

Пријавени се вкупно 23 возила од: Словенија, Унгарија, Србија и 10 македонски натпревaрувачи: Ненад Костовски, Иван Стефановски, Слободан Трајковски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Во продолжение е стартната листа:

Официјалната програма на натпреварите е следна:

26 јуни (сабота)

08:00-10:00 Верификација и технички преглед
10:00-12:00 Слободен тренинг
12:00-13:00 Квалификации
13:00-15:00 Пауза за ручек
15:00-17:00 Прва трка
17:00-18:00 Церемонија на доделување на награди

27 јуни (недела)

10:00-12:00 Слободен тренинг
12:00 – 13:00 Пауза за ручек
13:00- 15:00 Втора трка
15:30 Церемонија на доделување на награди

По четири извозени трки во генералниот пласман во првенството на Македонија првото место го делат Давид Малинковски и Ангелче Стојковски кои имаат по 52 бода, додека пак на третото место е Мартин Костовски со 42 бода.

Следниот меѓународен натпревар каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ е закажан во Гробник – Хрватска од 23 – 25.07.2021 додека пак финалната трка за заокружување на сезоната е закажана повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија7 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет7 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет8 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион8 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија10 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија10 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион12 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија13 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија15 часа

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија16 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет17 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион17 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет17 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија18 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет1 ден

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија2 дена

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Досие