Спорт
Потегот на српската одбојкарка ги навреди Тајланѓаните, ја обвинија за расизам

Женската одбојкарска репрезентација на Србија стигна до 3:0 победа над Тајланд во Лигата на нациите, но мечот падна во сенка по расистичкиот потег на либерото на Србија, Сања Ѓурѓевиќ, која по еден поен ги накоси очите.
Одбојкарската федерација на Србија реагира на обвинувањата тврдејќи дека немало расизам во потегот, но и дека Ѓурѓевиќ му се извинила на цел тајландски тим и дека само сакала да покаже дека треба да играат „одбрана како нив“.
อันนี้แย่อ่ะ คือเหยียดเอเชียเลยมั้ย ละคุณเป็นนักกีฬาอ่ะสมควรทำแบบนี้หรอ เพื่อนก็ไม่ห้ามหันมาหัวเราะกันอีก #ตบช่วยชาติCheerFromHome pic.twitter.com/0MKArKog2l
— จั้นเจ้าขา✨ (@JunJaoKha12121) June 1, 2021
Please, don’t blow this out of proportion. Sanja is aware of her mistake and she immediately apologized to the whole Thailand team. She only wanted to show her teammates “let’s start playing defense like them now”, she didn’t mean any disrespect. Of course, it was unfortunate. https://t.co/UOkkYloeXd pic.twitter.com/knyz8mMnxv
— OSSRB (@ossrb) June 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола со неверојатен изговор: Долг е патот од Манчестер до Лондон!

Пеп Гвардиола има уникатно објаснување за поразот на неговите Манчестер сити од Тотенхем од 1:0, тврдејќи дека патот од Манчестер до Лондон бил пренапорен да се помине со воз.
Со ова се комплетираше неверојатната статистика – Гвардиола пет пати со Сити го посетил новиот стадион на Тотенхем и пет пати си заминувал како губитник, а неговиот тим во петте меча не постигнал гол.
„Да се дојде од Манчестер до Лондон, тоа е како да патуваш до северна Европа. Се работи за 4 часа и 20 минути, четири и пол часа да стигнеш до хотелот. Верувајате, тоа е исцрпувачки. Жал ми е, но така е“, изјави бизарно Гвардиола.
Спорт
Бруклин го пратија Кајри Ирвинг во Далас!

Бруклин нетс го „трејдуваа“ Кајри Ирвинг во Далас маверикс, за што ќе го добијат Спенсер Динвиди, Доријан Фини-Смит и повеќе избори на драфтот, јавуваат повеќе извори.
Според „Атлетик“ и „ЕСПН“, Нетс ќе добијат избор во првата рунда на драфтот во 2029, и втор избор на драфтовите во 2027 и 2029 година, а покрај Ирвинг во Далас е отпатува и Маркиф Морис. 30-годишниот Ирвинг побара да биде продаден откако Нетси не му го дадоа продолжувањето на договорот, и сега е можно да добие четиригодишен договор вреден до 200 милиони фунти. Тој го пропушти мечот на Нетси против Вашингтон во петокот.
Ова е уште еден пресврт во сагата на Ирвинг, кој потпиша за својот домашен клуб заедно со Кевин Дурент во 2019 година. Тој беше суспендиран на осум меча оваа сезона откако сподели видео со анти-семитистичка политика, по што го загуби и спонзорскиот договор со „Најк“. Ирвинг исто така пропушти голем дел до сезоната 2021/22 откако одби да се вакцинира против КОВИД-19 и не можеше да игра на домашните мечеви поради правилата на градот Њујорк.
Спорт
Хајдук загуби од Риека по утнатиот пенал во 95. минута, Торцида се сврте против играчите!
Риека во драматичното дерби на 20. коло на хрватската лига успеа да стигне до 2:1 победа над Хајдук на „Пољуд“ за да се врати во борба за европски пласман, додека „билите“ не го искористија киксот на Динамо Загреб и останаа на осум поени заостанување зад „модрите“ и тоа со меч повеќе.
Риека дојде во водство во 65. минута со голот на Ампемо, пред во 84. минута, Фриган да зголеми на 0:2. Тогаш почна драмата – Марко Ливаја во 91. минута со гол од пенал намали на 2:1, за во 96. минута повторно да биде досуден пенал за Хајдук, но овојпат тој не успеа да го реализира пеналот за незгоден пораз.
По крајот на мечот, навивачката група на сплитскиот клуб беше очигледно незадоволна, скандирајќи им да ги соблечат дресовите бидејќи не заслужуваат да ги носат.