Спорт
Познати 30-те кандидати за „Златната топка“, фаворитот пак е Меси?

„Франс фудбал“ ги објави 30-те фудбалери кои се номинираи во изборот за „Златната топка“, откако лани, помалку неправедно, не ја доделија наградата за најдобар играч поради пандемијата на КОВИД-19.
Фаворит за рекордна седма титула од „Балон д’ор“ според француските медиуми повторно е Лео Меси, кој иако имаше лоша сезона со Барселона, успеа да стигне до титулата од Копа Америка со Аргентина, негов прв голем трофеј со репрезентацијата.
Друг фаворит сигурно е и Жоржињо, плејмејкерот на Челси, кој оваа сезона покрај трофејот од Лигата на шампионите, стигна и до европската титула со Италија.
СИТЕ НОМИНИРАНИ:
ГОЛМАНИ: Џанулуиџи Донарума (Италија, ПСЖ).
ОДБРАНА: Цезар Азпиликуета (Шпанија, Челси), Леонардо Бонучи (Италија, Јувентус), Џорџо Кјелини (Италија, Јувентус), Рубен Дијаш (Португалија, Манчестер сити), Симон Кјер (Данска, Милан).
СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Италија, Интер), Кевин де Брујне (Белгија, Манчестер сити), Фил Фоден (Англија, Манчестер сити), Жоржињо (Италија, Челси), Н’Голо Канте (Франција, Челси), Ријад Марез (Алжир, Манчестер сити), Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид), Мејсон Маунт (Англија, Челси), Педри (Шпанија, Барселона).
НАПАД: Кристијано Роналдо (Португалија, Манчестер јунајтед), Лионел Меси (Аргентина, ПСЖ), Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Норвешка, Борусија Дортмунд), Хери Кејн (Англија, Тотенхем), Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен), Лаутаро Мартинез (Аргентина, Интер), Нејмар (Бразил, ПСЖ), Бруо Фернандеш (Португалија, Манчестер јунајтед), Жерард Морено (Шпанија, Вилјареал), Мохамед Салах (Египет, Ливерпул), Рахим Стерлинг (Англија, Манчестер сити), Луис Суарез (Уругвај, Атлетико Мадрид).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.
Спорт
Баерн Минхен го претстави Жоао Кансело

Португалскиот репрезентативец Жoao Кансело е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој дојде од Манчестер Сити на позајмица до крајот на сезоната.
До неодамна Кансело беше исклучително важен играч во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, но дојде до незадоволство кај фудбалерот откако беше резерва во тимот во изминатите неколку седмици.
Кансело има и откупна клаузула од 70 милиони евра која Германците ќе треба да ја платат доколку сакаат да го задржат и по завршувањето на сезоната.
🔴⚪ Hier mag euch jemand 𝓢𝓮𝓻𝓿𝓾𝓼 sagen! 👀✌️ #ServusJoão
🔗 https://t.co/Zl8900o30p#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/OppwjX5TW6
— FC Bayern München (@FCBayern) January 31, 2023
Спорт
РФМ ги донираше финансиските средства од хуманитарниот меч „Сите ѕвезди“ во СОС Детско село

Челниците на Ракометна федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски го посетија СОС Детско село. Ветувањето е остварено, донацијата од настанот „Сите ѕвезди“ ќе заврши кај оние што им е најпотребна.
„Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на Ракометната федерација на Македонија, изнесува 1,372,550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.
„Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.
Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт“, потенцираа од РФМ.