Спорт
Пред 40. роденден Ибрахимовиќ доби нов повик во националниот тим
Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ повторно е повикан во фудбалската репрезентација на Шведска за квалификациите за Мундијалот во 2022 година во Катар. Голгетерот на Милан треба да им помогне на соиграчите на мечевите против Косово, односно Грција иако тој поради повредата на коленото не беше во составот на „трите круни“ на ЕУРО2020.
Шведскиот селектор Јане Андерсон се уште смета на услугите на фудбалерот кој за 5 дена ќе наполни 40 години, пред се затоа што Шведска доживеа пораз од 2-1 од Грција иако претходно славеше против фаворитот Шпанија во септемврсиките квалификации.
„Се одлучив да го вклучам затоа што се надевам и верувам дека тој може да придонесе. Повредата е зад него, се уште не е фит, ама секој ден состојбата е се подобра“ објасни Андерсон.
Шведска моментно е втора во групата Б со 9 бода зад водечката Шпанија.
Мечот против Косово е на 9. октомври, а дуелот со Грција три дена подоцна. Двете средби се играат во Стокхолм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Јамал постигна три гола, Барселона го победи Виљареал
Ламин Jамал го постигна првиот хет-трик во кариерата. крилниот напаѓач ја предводеше Барселона до убедливата победа над Виљареал (4:1), во 26-то коло.
Младиот ас на Барселона денес влезе во историјата на Барселона, на 18 години, седум месеци и 15 дена постигна хет-трик. Меси со кого го споредуваат Јамал, имаше полни 19 години кога прв пат во кариерата постигна три гола на еден натпревад.
Јамал го отвори резултатот во 28-та минута,а девет минути подцна постигна убав гол со кој го зголеми водството на својот тим.
На стартото на вториот дел, Виљареал преку Пап Геј се врати во мечот, а дека ќе доживее пораз беше јасно кога во 73-та минута Ајосе Перез промаши празен гол. Хет-трикот го комплетираше во 69-та минута.
Во 91-та минута Левандовски го постави конечниот резултат.
Foto/ depositphotos

