Спорт
ПСЖ се намачи со Порто, конечно, прва победа за Сегед

Пари Сен-Жермен на Раул Гонзалез имаше предност од пет гола на само 10 минути пред крајот на мечот, но се намачи пред да стигне до 29:28 победа над незгодниот Порто во ЕХФ Лигата на шампионите. Пик Сегед пак, стигна до првата победа оваа сеона во европската елита, доминирајќи против Елверум со 36:27.
По првичнот одмерување на силите, ПСЖ дојде во водство и го оддржуваше до полувремето, кога имаа +4, за во второто полувреме да се искачи на +5, пред Порто да покажат уште еднаш дека се фантастичен тим и дека сите ќе се мачат со нив (како што Вардар дома се мачеше пред некој месец). На крајот, ПСЖ сврза две победи во низа во ЛШ и сега е на четвртото место во групата А, седум поени зад лидерот Кјелце.
Микел Хансен беше најрасположен за игра со 9 гола, додека Ремили и Нахи додадоа по 4, додека за Порто, Салина Амадор беше најефикасен со пет гола. Следен противник на Раул Гонзалез е неговиот поранешен клуб, Вардар на 1 декември.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Пари Сен-Жермен – Порто 29:28 (15:11)
Пик Сегед – Елверум 36:27 (17:15)
This is CLUTCH play! @Nedim_Remili netting that all-important shot for @psghand #ehfcl 🔥
READ: https://t.co/GjMNi40jA8 pic.twitter.com/KllwKDY1JQ
— EHF Champions League (@ehfcl) November 26, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Несторовски не придонесе за бодот за Удинезе против Аталанта

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви на денешниот меч меѓу Удинезе и Аталанта што заврши со поделба на бодовите, 1-1.
Тимот од Удине поведе со 1-0 по само 24 секунди игра на мечот. Стрелец беше Рикардо Переира.
Сепак, фаворитот на овој дуел, тимот на Аталанта во 44 минута со голот на Муриел, по додавањето на Песина го израмни резултатот на 1-1.
Ова беше осми меч за „црно-белите“ на кој не доаѓаат до победата. Затоа Удинезе сега е на 15-тата позиција со 17 бода на 18 меча во Серија А.
Аталанта, пак, останува шестопласирана со 33 поени.
Спорт
Личниот тренер на Манџукиќ: Со ваков играч не сум работел досега!

Лука Милановиќ, личниот фитнес тренер на новото засилување на Милан, Марио Манџукиќ во разговор за италијански „Tuttosport“ открива во каква форма се наоѓа хрватскиот интернационалец.
За потсетување, популарниот Манџо последниот меч го одигра во март минатата година, а со оглед дека има 34 години „росонерите“ се загрижени каква е неговата форма и кога тој ќе биде подготвен за тренинг и натпревар во полна форма.
„Марио ме повика пред 5 месеци. Оттогаш интензивно работиме. Тоа што го познавам ми помогна да направам успешна програма која е прилагодена за него. Секој ден работиме на издржливоста со персонализирани вежби, но работевме и вежби со топка. Благодарение на неговата одлучност, се е полесно. Силата и кондицијата се уште му се на високо ниво, подготвен е да тренира со тимот“ изјави Милановиќ.
Фитнес-тренерот смета дека малку ќе му треба да се вклопи во целината.
„Работам со спортисти веќе 20 години и ваков играч немам видено. Тој е сигурно во топ 3 играчи со кои сум работел. За 2-3 недели ќе е 100% подготвен за настап“ – рече тој.
Инаку, Манџукиќ се врати во Серија А откако пред повеќе од 1 година го напушти Јувентус и потпиша за катарски Ал-Духаил. Таму не се снајде, па набрзо стана слободен играч.
Пред Јуве, има настапувано за Атлетико (М), Баерн (М) и Волфсбург, а сега ќе е опција во нападот на Милан предводен од Златан Ибрахимовиќ.
Спорт
Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал во Египет се поттиснати од лошото издание на ракометарите во продолжение од мечот. Македонија со 21-31 загуби од Словенија во првиот меч од новоформираната група во која не очекуваат и мечевите со Белорусија, односно Русија.
Добри 21 минута од првото полувреме за македонските ракометари, и катастрофални последни 9 минути – без постигнат гол.
Во 21 минута беше егал 9-9, Македонија претходно имаше и водство од два разлика (5-3 и 6-4).
Сепак, поради црните минути од мечот, Словенците на полувреме отидоа со +4, 13-9.
Првиот дел во македонската репрезентација помина во знакот на Лазаров кој постигна 3 гола, исто колку и „оспоруваниот“ Талевски. На голот Никола Митревски собра 7 одбрани, а Лесјак на спротивната страна броеше до 11.
Кај Словенија ветеранот Драган Гајиќ првото полувреме го заврши со 5 погодоци. Три гола постигна бекот Доленец.
И вториот дел започна како што заврши полувремето, со прецизна игра кај Словенија и конфузија во македонските редови.
Словенците по 8 минути игра од вториот дел веќе отидоа на +7, на семафорот во Каиро стоеше 11-18, кратко потоа и 12-19.
Мачковшек и Зарабец сега беа поддршка за неуморниот Гајиќ, а во нашата селекција Лазаров не успеваше да ги мотивира соиграчите да направат крупен чекор кон пресврт во мечот.
Во 11 минута од вториот дел Словенија стигна и до највисоки +8, 12-20 што значеше крај за надежи за пулените на Данило Брестовац.
Се обиде нашата селекција да се врати во живот, успеа од -9 (12-21) да се врати на -6, но тоа беше се што успеаја ракометарите на Македонија да сторат.
На крајот на новиот пораз за македонската ракометна репрезентација во Каиро капитенот Кире Лазаров мечот го заврши со 5 гола, по 3 постигнаа Талевски, Филип Кузмановски и Танкоски.
Кај победничката селекција најпрецизен беше Гајиќ со 7 гола, го следеа Мачковшек и Доленец со по 5.
Во втората рунда од главната фаза, Македонија силите ќе ги одмери со Белорусија, мечот се игра на 22. јануари.
Фото: Balkan Handball
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот