Спорт
Радукану го склучи првиот голем договор, стана заштитно лице на „Тифани“

Новата британска тениска кралица, шампионката од САД опен, Ема Радукану, почна да ги исполнува очекувањата за богати спонзорски договори станувајќи заштитно лице на елитната компанија за продажба на накит – „Тифани“.
18-годишната Радукану заработи 2,5 милиона долари за победата на Флешинг медоуз, каде што влезе преку квалификациите, и британските медиуми предвидуваат дека ова е само почеток на една богата кариера.
Радукану првпат носеше накит на „Тифани“ во финалето во Њујорк кога американската компанија ѝ даде часовник од 20.000 долари и дијамантски обетки.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сценарио кое никој не го сака – Влаховиќ би можеч да остане во Јувентус

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата и покрај секојдневните информации и шпекулации околу неговата иднина.
Според „Калчомеркато“, само два клуба биле сериозно заинтересирани за напаѓачот, Фенербахче и Милан.
Преговорите со турскиот тим одамна се замрени, додека „росонерите“ практично се повлекоа откако се „шпекулираше“ дека Макс Алегри се свртел кон Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед.
Доколку Данецот навистина дојде во Милан на позајмица, нема да има потреба од трансфер на српскиот напаѓач.
Тогаш сценарио кое ниту Јувентус ниту Душан Влаховиќ не го посакуваа би се реализирало, напаѓачот би останал во Торино.
Играчот влегува во последната година од договорот, а доколку ја помине и сезоната 2025/26 со „старата дама“, тоа значи дека би заминал следното лето без обештетување.
Тоа би бил дополнителен удар за Јувентус, кој нема да врати ниту дел од 70-те милиони (плус уште 10 за бонуси) што ги плати кога Влаховиќ дојде од Фиорентина.
Спорт
Јунајтед не попушта – Челзи за Гарначо треба да плати 58 милионие вра

Челзи го сака Алехандро Гарнача, а Аргентинецот сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, но бафре засега преговорите со Манчестер јунајтед се тешки.
Челзи за Гарначо понудиле четворица фудбалери: Кристофер Енкунку, Николас Џексон, Аксел Дисаси и Ренато Веига, поточно еден од нив во замена за Аргентинецит.
Наводно, на Јунајтед не му треба ниту еден од овие играчи, бидејќи им се потребни пари за да го засилат редот за врска и потенцијално голманот, Џанлуиџи Донарума.
Јунајтед постави јасна цена за Аргентинецот, таа е 50.000.000 фунти, или 58.000.000 евра и засега одбиваат да ги намалат своите барања.
Челзи ги сака и Џави Симонс и Гарначо, но за да ги реализираат овие трансфери, мора да го продадат гореспоменатиот квартет што му го понудија на Јунајтед.
Преговорите продолжуваат, Симонс и Гарначо веќе се договорија со Челзи и внимателно ги следат преговорите.
Спорт
Чудната клаузула во договорот на Ињиго Мартинез

Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Ал Наср. Целата работа околу трансферот беше завршена за 48 часа.
Мартинез, пред две години, како слободен играч дојде во Барселона од Атлетик Билбао. Во првата сезона поради повредите не успеа да се наметне, во во втората блескаше и беше незаменлив во одбрамата.
Медиумите во Шпанија открија како фудбалерот експресно успеа да го реализира трансферот и да замине без обесштетување во Ал наср.
Кога пред две години го ставил својот потпис на договорот со Барселона, Мартинез инсистирал да биде вметната клаузула, според која има право да го напушти клубот доколку добие понуда од Саудиска Арабија.
Очигледно, Ињиго имал желба кон крајот на својата кариера да ја зголеми сметката во банката и се подготвил сè за потенцијален трансфер.