Спорт
Ремек-делото на Гвардиола – совршениот триаголник на Манчестер сити

Манчестер сити вчера со 6:3 го декласира Лестер во совршен натпревар кој ја покажува фудбалската филозофија на Пеп Гвардиола и колку е тешко да се игра против тој систем, без разлика на конкуренцијата, вели анализата на „Марка“.
Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен имаше домашни успеси и со овие клубови, а во Сити воспостави сличен систем на тој со кој Барселона ја направи еден од најсилните клубови во историјата. Во Сити оваа тактика е донесена до совршенство бидејќи во тимот нема класичен напаѓач.
Ниту еден друг тренер не успеа да ја воспостави шемата на Гвардиола со тесно поставување на бековите, кои честопати стануваат фудбалери од средината на теренот кога ја имаат топката и со што е тешко да ги маркирате. Некои од противничките фудбалери ќе ги следат бековите во центарот на теренот, со што отвораат простори каде што крилата на Сити може да ги нападат ривалите еден на еден или да останат во иста позиција и да дозволат Сити да има огромна предност во средината.
Ова креира совршен триаголник во играта на тимот, а голманот Едерсон честопати има улога на трет дефазивец. Додека бековите се стиснати, средината на теренот има шанса да притиска кон противничките напаѓачи. Тие исто така може да се обидат да одат директно на гол.
Ова е систем за кој детаљно е пишувано во книгата Pep Confidential од шпанскиот автор Марти Перарнау, објавена во 2014 додека тој беше фудбалер на Баерн Минхен.
„Идеалната ситуација е центарот да е отворен за внатрешната страна и крајната страна директно да додаваат до него. Ако додавањето успее, тогаш си го прескокнал целиот центар на противникот, а ако ја загубиш топката, тогаш бекот може да ја пополни празнината. Кога ќе се смени однесувањето, тоа предизвикува притисок на противникот и ако не ги следат, тогаш имаш слободен човек, кој ќе ја повлече средината. И така постојано“, се вели во книгата.
За оние што ги интересира повеќе, дел од фудбалската тактика и филозофија на Пеп во следните видеа:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.