Контакт

Спорт

Рено заминува од Формула 1?

Објавено пред

Поради промена во раководството во автомобилскиот гигант Рено, Формула 1 би можела да остане без овој тим во својот шампионат.

Информацијата ја објави еден германски поратл. Истиот извор тврде дека компанијата на овој начин има намера значително да ги намали трошоците.

Во целата работа била замешана и француската влада која е сопственик на 15 отсто од акциите на Рено. Инаку новата шефица на Рено, Клотилда Делбо лично на функцијата ја поставил претседателот на Франција Емануел Макрон.

Самата Делбо е против учеството на Рено во Формула 1.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Барди: Нема поголема мотивација од тоа што сме тука

Објавено пред

Во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за пласман на ЕУРО 2020 против Австрија и Израел, македонскиот репрезентативец Енис Барди вели дека овие два натпревари се многу важни за националниот тим.

Фудбалерот на шпански Леванте смета дека мораме да биде извлечена поука од првиот дуел меѓу Македонија и Австрија, дека тимот треба да игра паметно и на виско ниво.

„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Се уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“, рекол Барди и дополнил.

„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме фокусирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“.

Македонија в сабота ќе гостува во Виена (20.45 часот), а во вторник квалификацискиот циклус ќе го затвори со натпреварот против Израел во Скопје.

извор/ffm.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Франција, Турција и Англија на чекор до Евро 2020

Објавено пред

Вечерва со натпреварите во групите А и Б и дербито во Х-групата ќе бидат отворени последните две квалификациски рунди за пласман на Евро 2020.

Вечерва, Англија во А-групата треба да го потврди пласманот на Евро 2020. Англичаните се апсолутни фаворити против Црна Гора, репрезентација која сè уште нема победа во квалификациите.

Многу поинтересно се очекува да биде во Чешка, каде што ќе гостува Косово. Двете селекции се борат за второто место во групата, Чесите имаат бод повеќе.

Група А:

Англија-Црна Гора
Чешка-Косово

Табела: Англија 15, Чешка 12, Косово 11, Црна Гора 3, Бугарија 3

Украина од Б-групата веќе избори пласман на Европското првенство. Вечерва во оваа група фаворитите ќе ги пречекаат аутсајдерите. Португалија има 11 бода, еден повеќе од Србија, и вечерва ќе игра против Литванија. Србите, од друга страна, ќе го пречекаат Луксембург

Група Б:

Србија-Луксембург
Португалија-Литванија

Табела: Украина 19, Португалија 11, Србија 10, Луксембург 4, Литванија 1

Сите дилеми за патниците на Европското првенство вечерва може да бидат решени во Х-групата. Во најдобра позиција се Франција и Турција. Французите ќе играат пртив Молдавија и за очекување е да ја завршат работата.

Турците ќе имаат потешка задача против Исланд на домашен терен иако и со евентуален пораз Трурците ќе бидат во подобра позиција бидејќи имаат четири бода повеќе од Исланд, а во последното коло ќе играат со Андора.

Група Х:

Турција-Исланд
Франција-Молдавија
Албанија-Андора

Табела: Турција 19, Франција 19, Исланд 15, Албанија 12, Андора 3, Молдавија 3

Прикажи повеќе...

Спорт

„Не е лесно да се игра за Барселона“

Објавено пред

Голгетерот на Барселона, Луис Суарез, се наоѓа на подготвики со својот национален тим. Во разговор со уругвајските медиуми тој говорел за својот статус во Барселона и открил какви му се плановите во иднина.

Суарез набргу ќе наполни 33 години и се наоѓа на залезот на кариерата. Потенцира дека ќе направи сè за да настапи на Свесткото првенство во 2022 година.

„Се надевам дека ќе настапам, убеден сум дека ќе играм во Катар“, рекол Суарез, кој има настапи на три светски првенства, и потоа открил дали и во иднина ќе биде играч на Барселона.

„Напорно е, секои три дена минувате тестови, нема одмор и нема простување за лоши натпревари. Не е лесно да се игра за таков клуб, особено не е лесно да се игра пет години по ред. Ќе дојде време кога ќе морам да ја напуштам Барселона, но сè додека можам да играм и додека имам конкуренција, ќе бидам добар“, заклучил Суарез.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија4 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија4 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија4 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет5 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа5 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија6 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион17 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион18 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија20 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија23 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Досие