Спорт
Рисе: Ако Халанд отиде во Манчестер сити, овој клуб ќе биде непобедлив!

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери на фудбалскиот пазар во моментот, а досега најупорни и најконкретни за фудбалерот на Борусија Дортмунд се тимовите на Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.
Легендата на норвешкиот фудбал – Јон Арне Рисе би сакал својот сонародник да го види во дресот на Ливерпул, клубот каде што тој стекна светска слава.
„Би сакал да го видам на `Енфилд` затоа што се работи за феноменален играч. Кој клуб да го доведе, ќе биде мирен неколку години. Не знам дали Ливерпул има шанса за тоа, но ако има – тој трансфер би бил неверојатна работа за клубот“, вели Рисе, кој со „црвените“ во 2005 година ја освои Лигата на шампионите.
Халанд најпрвин брилира во дресот на Салцбург, но сега во Бундеслигата, во дресот на „милионерите“, постигна 68 гола на 67 меча. Минатата сезона во ЛШ имаше 10 погодоци.
Рисе се плаши Норвежанецот да не заврши во дресот на „граѓаните“.
„Ако Сити го доведе, тоа би било – вауу. Често слушаме за непобедливи екипи. Доколку Ерлинг отиде таму, мислам дека Сити би бил многу блиску да стане токму таква екипа“, смета Рисе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона сака да го доведе Амрабат на заем

Барселона се обидува да го доведе Софијан Амрабат од Фиорентина во последните часови од преодниот рок, пренесува доверливиот новинар Жерар Ромеро. Играчот од средниот ред беше еден од најистакнатите играчи на Светското првенство во Катар, импресионирајќи со своите настапи за селекцијата на Мароко.
Каталонците ќе сакаат зделката да биде само на позајмица до крајот на сезоната, а причина за тоа е нивната финансиска состојба.
Фиорентина тешко ќе се раздели со својата ѕвезда, но се очекува самиот Амрабат да притиска до крајот на денот за да се пресели во шпанскиот клуб.
Спорт
Кристијан Ериксен ќе паузира три месеци

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен нема да игра најмалку три месеци откако се повреди по грубиот старт на Енди Керол на натпреварот од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг (3:1).
„Кристијан Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот заработена на победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони. Првичните проценки велат дека Ериксен ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај. Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.
Speedy recovery, @ChrisEriksen8 🙏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2023
Спорт
Тотенхем успеа да го добие Педро Поро од Спортинг Лисабон

Челниците на Тотенхем успеаја да го обезбедат трансферот на Педро Поро. Откако Спортинг Лисабон се согласи на договор, тоа ќе биде позајмица до крајот на сезоната со задолжително откупување од 40 милиони евра.
Сепак, тука не е крајот на добрата работа на лондонскиот клуб во последниот ден од преодниот рок. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, склучен е договор со Атлетико Мадрид, па Мет Доерти вториот дел од сезоната ќе го помине со „јорганџиите“ како позајмен играч од Лондон.
Ирецот не е првиот избор на Конте на позицијата крај десната аут линија каде предност има Емерсон Ројал, а сега пристигна и Педро Поро.