Спорт
Рома го победи шампионот, Интер победи во Бергамо, Имобиле го израмни рекордот на Игуаин
Интер го освои второто место во Серија А. Во директен дуел за втората позиција фудбалерите на тренерот Антонио Конте, во Бергамо, ја победија Аталанта со 2:0. Интер победи со головите на Дамброзио и Ешли Јанг во првите 20 минути од натпреварот.
Во последното коло шампионот Јувентус, комбиниран тим, од Рома од забележа првиот пораз на домашен терен сезонава. Фудбалерите од Рим, со пресврт, победија со 3:1. Игуаин го постигна првиот гол на натпреварот, а потоа Рома одговори со три гола. Израмни Калиниќ, а серијата ја затвори Пероти со два гола.
Наполи, во чии редови Елиф Елмас играше од 84 минута, го победи Лацио со 3:1. Фабијан Руиз го постигна првиот гол, а потоа израмни Чиро Имобиле. Напаѓачот на Лацио го постигна 36 гол и го израмни рекордот на Игуаин. Во второто полувреме Инсиње постигна гол од пенал во 54 минута, а во 93 минута конечниот резултат го постави Политано.
Милан славеше во дуелот со Каљари 3:0. Клаван го погоди својот гол во 11 минута, во 44 Ибрахимовиќ не реализираше пенал, но се исправи во 55 минута, а две минути подоцна Кастиљехо го постигна третиот гол.
Јувентус е шампион со 83 бода, еден повеќе од Интер, Аталанта и Лацио завршија со по 78 бода, Рома е на петтото место со 70, а четири бода помалку има Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн го потврди трансферот на Димитријевиќ
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е нов член на Баерн, објави клубот од Минхен.
„Бековската линија на Баерн е повторно комплетна: По заминувањето на Спенсер Динвиди, дојде Ненад „Нено“ Димитријевиќ, кој потпиша договор со клубот до крајот на сезоната, со опција за уште една година“, објави Баерн.
👋 𝐖𝐄𝐋𝐂𝐎𝐌𝐄, 𝐍𝐄𝐍𝐎
Wir verpflichten den EuroLeague-erfahrenen Combo Guard Neno Dimitrijevic: https://t.co/QC1actP2US
We have signed EuroLeague-experienced combo guard Neno Dimitrijevic: https://t.co/UlMyUHzMEN#FCBB | Kaderupdate by @freelanceDE pic.twitter.com/UmEXBwtbNY
— FC Bayern Basketball (@FCBBasketball) January 5, 2026
„Минхен е одлична и многу почитувана организација, и кога тренерот Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест и нема двоумење. Навистина сакав да се вратам во Евролигата и веднаш да помогнам да се остварат што е можно повеќе победи. Тимот сака да ја освои лигата и купот и да се бори до последниот натпревар за место во плејофот на Евролигата. Ќе ја внесам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме на секој натпревар“, рече Нено.
Димитријевиќ (27) минатото лето се пресели од Олимпија Милано во Зенит, а сега од Санкт Петербург се пресели во Баерн.
Претходно играше за УНИКС, Валенсија и Хувентуд.
Во меѓувреме, Баерн експресно го напушти големото засилување од НБА, Спенсер Донвиди.
Foto/ EPA
Спорт
Капело: Судиите се мафија, поранешни играчи мора да бидат во ВАР собата
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, поранешен стратег на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус, остро го критикуваше судењето во модерниот фудбал. Тој ја нарече организацијата на судиите „мафија“. Во едно големо интервју, тој предложи и решение за подобрување на ВАР технологијата – вклучување на поранешни фудбалери во процесот на донесување одлуки.
Во интервју за шпанска „Марка“, каде што зборуваше за различни теми, вклучувајќи ги и неговите денови на клупата на Реал Мадрид, Капело го изрази своето големо незадоволство од моменталната состојба на судењето и сè почестите грешки поврзани со ВАР.
„Тоа е тема што многу ме лути“, започна Капело кога беше прашан за судиите.
„Судиите се мафија. Тие не сакаат поранешните играчи да се вклучуваат во ВАР, оние кои ги знаат движењата во фудбалот, движењата што ги прават играчите за да застанат, да си помогнат себеси итн.“, продолжи тој со остар тон.
„Многу пати тие носат погрешни одлуки, затоа што тие никогаш не играле фудбал и не ги препознаваат тие движења“.
Познатиот тренер е особено фрустриран, смета дека премногу лесно се судат прекршоци.
„Играчот е допрен во лицето, паѓа на земја и тие веднаш дуваат во свирчето. Но, зошто? Ако јас сум висок 1,90 м, а другиот играч е висок 1,75 м, мојата рака е во висина на неговото лице. Зошто би го свирнале тоа? Тоа ме излудува. Ме излудува.“
Капело верува дека судиските грешки и контроверзиите околу ВАР би можеле значително да се намалат со вклучување на барем еден поранешен фудбалер во контролната соба.
„Ставете еден (поранешен играч) внатре, за да му каже на судијата: „Па, не мислам дека е пенал“ или „Мислам дека е“.
Со УЕФА, анализиравме 20 ситуации каде што беа досудени пенали. Кога поранешните играчи и тренери ги разгледаа, шест беа досудени како казни, а 14 не беа“, заклучи Капело.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рубен Аморим – Најлошиот менаџер на Јунајтед во ерата по Фергусон
По 14 месеци на клупата на Манчестер Јунајтед, португалскиот тренер Рубен Аморим (40) беше отпуштен од „Олд Трафорд“.
Аморим ги остава „Црвените ѓаволи“ како статистички најнеуспешен менаџер во ерата по Алекс Фергусон.
Под негово водство, Јунајтед ја имаше најлошата сезона за повеќе од половина век и не успеа да се квалификува за настап во европските купови, втор пат во последните 35 години.
Португалецот е шестиот менаџер на Јунајтед, без да се сметаат привремените менаџери, откако легендарниот Сер Алекс се пензионираше, а Аморим има убедливо најмал процент на победи, само 36,9 отсто.
Најуспешен беше Жозе Мурињо со 58,33 проценти од победите, по него следуваа Ерик Тен Хаг со 54,69 отсто и Оле Гунар Солскјер со 54,17 отсто. Дејвид Мојес имаше 52,94 отсто, а Луј Ван Гал 52,43 отсто.
Foto/ depositphotos

