Контакт

Спорт

Шампионот ги „здроби“ Лејкерси

Објавено пред

НБА шампионите Торонто репторс имаа фантастичен меч за да ги совладаат Лос Анџелес лејкерс со 107:92, успевајќи во одбраната да ги „стопираат“ противниците на само 34 поени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Кајл Лаури постигна 33 поени и 14 скока, О Џеј Ануноби додаде 23 поени за Репторси да го „свртат“ мечот во последната четвртина која ја добија со 35:22. Од другата страна Лејкерси целосно разочараа – Џејмс заврши со 20 поени, 10 скока и 5 асистенции, а Дејвис имаше 14 поени и само 2-од-7 од поле.

Во другите „ноќни“ натпревари, Мајами стигна до 125:105 победа над Денвер нагетс, предводени од Батлер и Адебајо со 22 поени, Оклахома со 110:94 беше подобра од Јута, додека Лос Анџелес Клиперс ги надиграа Њу Орлеанс пеликанс со 126:101, предводени од Пол Џорџ со 28 поени и Кавај Ленард со 24.



Спорт

Рено бара на Рејсинг поинт да им се одземат сите поени

Објавено пред

Рено не се задоволни од одлуката на ФИА да ги казни Рејсинг поинт со 15 поени и 400.000 евра за копирање на делови од болидот на Мерцедес од 2019 и бараат тимот да ги загуби сите поени и се подготвени да одат на суд во нова контроверза во Ф1.

Болидот на Рејсинг поинт, кој доби прекар „розевиот Мерцедес“ поради сличноста со минатогодишниот болид на шампионот, предизвикува контроверзи од зимското тестирање и Рено бараше ФИА да реагира околу дизајнот на нивните сопирачки. ФИА реши да ги казни, но им дозволи да продолжат да ги користат сопирачките до крајот на сезоната 2020.

Рено се жалат на одлуката пред Интернационалниот апелационен суд на ФИА, а шефот на Рено, Сирил Абитебул вели дека е потребна построга казна.

„Гледаме нешто што го немаше во минатото. Ние минатата година бевме казнети во Сузука поради прекршување на спортските регулативи и исклучени од трката и тогаш немаше ’попуст’ за нас. Сега, за прекршување на техничките правила имаме ваква казна. Сакаме брза реакција“, вели Абитебул.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јулијан Нагелсман, германскиот супер тактичар, кој е помлад од Роналдо и Меси

Објавено пред

Атлетико Мадрид мора да оди на „Енфилд“ за да направи чудо, да биде аутсајдер пред големите мечеви, но кога е фаворит, тогаш потфрла, особено кога против себе го има најталентираниот млад тренер на светот, Јулијан Нагелсман, вели популарниот шпански весник „Марка“ посочувајќи дека победата на РБ Лајпциг покажува зошто Реал детаљно ја следи кариерата на Нагелсман.

Според процената на „Марка“, 33-годишниот Нагелсман убаво го проучил системот на Диего Симеоне и неговиот цврст тим на Атлетико и детаљно го демонтирал. Кога мечот заврши, Германецот знаел дека кога сака, може да пристигне на „Бернабеу“ доколку Зинедин Зидан реши да замине.

„Марка“ вели дека иако РБ Лајпциг е мултинационален тим, Нагелсман ги тера да играат со типична германска арогантност, каква што во минатото ги ограби Јохан Кројф, Лионел Меси и Диего Марадона од светските титули.

И кој точно е Јулијан Нагелсман, најмладиот тренер кој стигнал до полуфинале на ЛШ, кој со своите 33 години е помлад од активните фудбалери, како Лионел Меси и Кристијано Роналдо?

Нагелсман е роден во Ландсберг ам Лех, мало гратче во Баварија во близината на Аугзбург, на 23 јули 1987 година и фудбалот му е во крвта од мали нозе. Тој играше како централен бек во академиите на Аугзбург и 1860 Минхен и во резервните состави на двата тима, но ја прекрати кариерата на 20 години поради постојани повреди на коленото.

Потоа тој решил да студира бизнис, но по само четири семестри, се префрлил на спортска наука и тренинг завршувајќи ги студиите како втор најдобар студент. Тој кратко работеше под Томас Тухел, неговиот следен противник во полуфиналето како тренер на ПСЖ, пред да се пресели во Хофенхајм како асистент на Тим Визе во 2012/13.

Следната година беше префрлен во У19-тимот на Хофенхајм освојувајќи ја младинската титула пред во февруари 2016 да биде претставен во првиот тим. Тој стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата со 28 години. Хофенхајм беше на 17. место на табелата со седум поени зад зоната за испаѓање за на крајот да избегне испаѓање за еден поен.

Во 2016/2017 тој го крена Хофенхајм до четвртото место и до квалификациите за Лигата на шампионите. По уште една успешна сезона, Ред бул го донесе Нагелсман во Лајпциг.

И покрај годините, Нагелсман се смета за еден од најдобро поткованите тактички тренери на светот. Тој ги именува Пеп Гвардиола, Арсен Венгер и, секако, Жозе Мурињо како свои инспирации, иако признава дека Тухел имал клучна улога на почетокот на неговата кариера во Аугзбург.

Неговиот систем не е ригиден, туку е приспособлив како против Атлетико кога со контрола на топката ја сруши силната одбрана на „рохибланкос“, а во дуелите со Баерн Минхен ги оставаше нив да ја имаат контролата и напаѓаше со контранапади.

Прикажи повеќе...

Спорт

Александер-Арнолд е најдобриот млад фудбалер во Премиер лигата

Објавено пред

Ѕвездата на Ливерпул, 21-годишниот Трент Александер-Арнолд, е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата во сезоната 2019/20 победувајќи тројца фудбалери на Манчестер јунајтед за трофејот.

Десниот бек имаше 4 гола и 13 асистенции во 38 настапи во Премиер лигата во 2019/2020 и само Кевин де Брујне имаше повеќе асистенции во текот на лигата помагајќи Ливерпул да ја освои првата лигашка титула по 30 години.

Фудбалерот, кој произлезе од академијата на Ливерпул, победи седум други играчи во изборот вклучувајќи ја тројката на Манчестер јунајтед – Мејсон Гринвуд, Антони Марсијал и Маркус Рашфорд, како и Џек Грилиш (Астон вила), Кристијан Пулишиќ и Мејсон Маунт (Челси) и Дин Хендерсон (Шефилд јунајтед). Александер-Арнолд исто така е номиниран за најдобар играч во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1,...

Македонија19 минути

Според ДУИ албанската опозицијата ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија2 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија3 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ4 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ5 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија6 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија6 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ6 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет7 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет7 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет10 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет18 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет19 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа20 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија21 час

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија22 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ23 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија24 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Досие