Спорт
„Салах и Мане се меѓу петмината најдобри во светот“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Николас Ањелка им порачал на Мохамед Салах и Садио Мане да не прифаќаат понуда од Реал Мадрид. Салах сезонава во Премиер лигата забележал 19 голови и девет асистенции, а Мане има по два гола и асистенции помалку.
Ањелка во сезоната 1999/2000 играше во Реал но не успеа да се снајде најдобро во „кралскиот клуб“. Во Англија се врати во 2001 година кога потпиша со Ливерпул.
„Ливерпул има неверојатна тројка во нападот. Сите ги сакам, особено Роберто Фирмино, тој е клучен за успехот што го постигнаа Салах и Мане. Овие двајца во моментов меѓу петмината најдобри во светот“, рекол Ањелка.
„Имаат квалитет за Реал Мадрид, но овој денешен Ливерпул може да се натпреварува со Реал, нема потреба да заминат. Тие треба да останат во Ливерпул“.
„Јирген Клоп е гениј. Ми се допаѓа како работи и како се однесува со играчите. Ливерпул уште многу години ќе се бори за трофеи. Клоп го врати клубот таму каде што му е местото“, заклучил 41 годишниот фудбалер кој кариерата ја заврши во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јуве во 94. и 96.минута од 2:4 до 4:4, Карабаг ја шокира Бенфика среде Лисабон, Реал од два пенали го победи Марсеј

Неверојатна вечер во Лигата на шампионите. Во терминот од 21 часот се одиграа четири натпреари. Сите минаа во сенка на спектаклот во Торнио, дури и сензационалната победа на Карабг во Лисабон.
Долго ќе се прашуваат во Дортмунд како ја испуштија победата во Торино. „Милионерите два пати водеа, Јуве два пати се враќаше во мечот, а кога Бенасабијани во 86.минута од пенал погоди за 2:4 се чинеше дека победникот е решен.
Борбеноста сепак им се испалтеше на играчите на Јувентус со головите на Влаховиќ во 94. и Кели во 96.минута дојдоа до 4:4. Србинот, Влаховиќ е апсолутен херој, на теренот влезе во 60.минута, мечот го заврши со два гола и асистенција за Кели.
Фудбалерите на Карабаг ја шокираа Бенфика во Лисабон, со победа по пресвртот, 3:2. Дебитантот од Азербејџан прими два гола во првите 16 минути, но тоа не го спречи да стигне до три бода до крајот на натпреварот.
Леандро Андраде ја врати надежта кај гостите пред полувремето со гол во 30-та минута.
Продолжението на натпреварот донесе молк на „Луж“, бидејќи Дуран израмни во 48-та минута, а пресвртото го комплетираше Кашчук, кој во 86-та минута ја искористи очајната реакција на одбраната на домашниот тим.
Победа на домашен терен оствари Тотенхем, кој го совлада Виљареал со минимален резултат во Лондон, 1:0.
Единствениот гол на натпреварот беше виден во четвртата минута од натпреварот. Поточно, автогол на голманот на гостите Луиз Жуниор.
Реал со два гола од белата точка успеа да направи пресврт против Олимпик Марсеј. Гостите водеа од 2-та минута со голот на Веа. Седум минути подцна изеданчи Мбапе од пенал. Во 71-та минута поради глупав потег, црвен картон доби Карвахал, но Реал и со играч помалку избори упте еден пенал. Мбапе ги постави конечните 2:1.
Спорт
(Видео) Резервите му донесоа триумф на Арсенал во Билбао, дебитантот Унион го шокира ПСВ

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик.
Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една асистенција.
На „Филипс“ стадионот во Ајндховен, ПСВ доживеа шокантен пораз од Унион Сен Жилоа. Дека Белгијците се дојдени по победа во Ајндховен најави Дејвид во деветтата минута од пенал. Половина час подоцна слаломот на Ел Хаџ им донесе на гостите предност од два гола.
Точка на победата на гостите стави братот на фудбалерот на Ливерпул, Алексис Мекалистер, Кевин.
Честа на ПСВ ја спаси, Ван Бомел во 90.минута.
Спорт
Шејн Ларкин ја заврши репрезентативната кариера

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција.
Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера.
Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи.
„Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте не може да се опише со зборови. Иако не ја постигнавме главната цел, а тоа е златен медал, поддршката што ја добивме од целата земја значеше повеќе од само медал“, напиша Ларкин и додаде:
„Беше чест и привилегија да го носам овој дрес и да играм за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од вас! Ве сакам од се срце“, заврши тој со зборови на турски.
Ларкин имаше просек од 11,6 поени и 5,1 асистенции на Европското првенство.