Спорт
Саудијците ја кренаа понудата за Меси на половина милијарди евра за една сезона!
Понудата на Ал-Хилал за Лионел Меси „скокнала“ на 500 милиони евра за една сезона и Барселона ќе им сериозен предизвик да го обезбеди потписот на аргентинската мега-ѕвезда следната сезона, тврди „Кадена сер“.
Договорот на Меси со Пари Сен-Жермен завршува на крајот на сезоната, и иако официјално уште постои можност тој да остане на „Паркот на принцовите“, прогнозите се дека тој ќе се реши за преселба. Секако, шансата да се врати во Барселона 35 години останува најдобрата опција за него, но Ал-Хилал и саудиските пари може да придонесат да се реши една сезона да биде повторно ривал со Кристијано Роналдо за сума од половина милијарда евра.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта неодамна вети дека ќе направи сè што е можно да го обезбеди враќањето на Меси на „Ноу Камп“, но останува да се види како каталонскиот клуб ќе го изведе тоа поради финансиските проблеми.
Al Hilal have reportedly upped their contract offer to Lionel Messi as they try to lure the Argentine. The Saudi Arabian side has offered the PSG star a whopping €500 million per season. https://t.co/ERoCpVo1Up
— Sportskeeda Football (@skworldfootball) May 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферари демне: Наскоро ќе биде официјално – Њуи си заминува од Ред Бул
Еден од најзаслужните за успехот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот, главниот инженер на австрискиот тим Адријан Њуи ќе го напушти актуелниот шампион во конкуренција на конструктори.
Како што пренесуваат многу европски медиуми, се е договорено и се очекува Ред Бул да ја потврди оваа вест пред почетокот на Големата награда на Мајами.
Њуи е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Формула 1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година. Причините за разделбата се наводно незадоволство од улогата што ја има во тимот и несогласување со тимскиот шеф Кристијан Хорнер.
Овој 65-годишник има актуелен договор кој е со важност до крајот на 2025 година, а за тоа досега не се огласил. Исто така, Ферари наводно веќе разговарал со Њуи и му испратил понуда за соработка.
Покрај загубата што би ја претставувало заминувањето на Њуи, тоа исто така потенцијално би го доведе во прашање статусот на трикратниот последователен светски шампион Макс Верстапен, кој е бескомпромисно лојален на Њуи и советникот Хелмут Маркo.
Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест конструктори за Ред Бул.
Во генералниот пласман сега води Верстапен со 110 бодови, а зад него е соиграчот Перез со 85.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Мајами од 3 до 5 мај.
Спорт
Турски милионер го купува Марибор
Турскиот милионер Ацун Иликали наскоро ќе го заврши преземањето на словенечки Марибор.
„Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен клуб, Олимпија е добро познато име во Европа, исто така и Марибор“, изјави тој за Спортклу Словенија“.
„На крајот морате да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Ми беше многу важно да имам аеродром во близина бидејќи постојано патувам. Мал аеродром да доаѓам и заминувам, а работа да не трпи. Јас сум луд по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари“.
Ова значи дека Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.
Марибор 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет Купа и четири словенечки Суперкупа, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Сезонава не им оди баш најдобро, се само третопласирани зад Целје и Олимпија.
Иликали веќе е сопственик на англиски Хал Сити, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и ирскиот Шелбурн.
Сопственик е на ТВ каналите TВ8 и TВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година тој беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор.
Спорт
Литванија со НБА ѕвезди во напад на олимписката виза
Домантас Сабонис и Јонас Валанчиунас сакаат да играат за Литванија на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, изјави селекторот на кошаркарската репрезентација на оваа земја, Казис Максвитис.
„Имаа тешка сезона во НБА. Разговарав со двајцата, ме побараа планови за подготовка. Националниот Сојуз ги усогласува сите услови околу осигурувањето. Ветија дека ќе играат“, изјави Максвитис.
Сабонис и Валанчиунас последен пат заедно играа за Литванија на ЕП 2022 година. Валанчунас играше, додека Сабонис го пропушти СП минатат година.
Сабонис е член на Сакраменто кој не успеа да се пласира во НБА плеј-офот. Литванскиот кошаркар сезонава во НБА лигата имаше просек од 19,4 поени, 13,7 скока и 8,2 асистенции по натпревар.
Валанчиунас е кошаркар на Њу Орлеанс кој беше елиминиран од Оклахома во првото коло од НБА плеј-офот. Оваа сезона имаше просек од 12,2 поени и 8,8 скока по натпревар.
Литванија ќе игра во групата А на олимпискиот квалификациски турнир во Порторико против Мексико и Брегот на Слоновата Коска. Во групата Б ќе играат Порторико, Бахреин и Италија.
Турнирот ќе се игра од втори до седми јули, а на ОИ ќе се квалификува само победникот на турнирот.
Победникот на турнирот на Олимписките игри во Париз ќе игра со селекциите на Србија, Соединетите Американски Држави и Јужен Судан.