Спорт
Се подготвува трејд на релација ПСЖ и Јунајтед
Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен би можеле да реализираат интересна размена на играчи.
Како што пренесуваат бројни извори, ПСЖ и Јунајтед би можеле да ги разменат Џејдон Санчо и Мануел Угарте.
Сепак, не е исклучено Санчо прво да замине на позајмица во ПСЖ, со задолжителен откуп следното лето за 60 милиони евра.
ПСЖ очекува да добие иста сума од Јунајтед ова лето за Мануел Угарте, бидејќи парижаните пред само една година платија исто толку за неговиот трансфер од Спортинг.
Иако Санчо ги закопа секирите со Ерик тен Хаг, повеќе го привлекува идејата да игра за ПСЖ, а Холанѓанецот го прифати тоа ако конечно може да го добие Угарте за возврат.
Се чини дека ова може да биде идеална трговија за сите четири страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Имамов брутално го нокаутира Адесања
Во Ријад се одржа нов спектакл на УФЦ, а борбата на вечерта беше меѓу Израел Адесња и предизвикувачот Насурдин Имамов.
Публиката уживаше во борбата и во нокаутот на Имамов, кој со серија удари го фрли на подот славниот Адесања.
На средината од втората рунда, францускиот борец со силен удар го погоди во брадата својот противник, а потоа продолжи да го удира и судијата немал друг избор освен да ја прекине борбата.
NASSOURDINE IMAVOV GETS THE BIGGEST KO OF HIS CAREER pic.twitter.com/5ncZW5qPdG
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) February 1, 2025
Спорт
(Видео) Шок во Барселона, Еспањол на колена го фрли Реал
Фудбалерите на Еспањол, приредија вистинско изненадување, го совладаа Реал Мадрид со 1:0 (0:0) во 22. коло на шпанската Ла Лига.
Вечерва ништо не му одеше во корист на „кралскиот клуб“, а според многумина на овој натпревар ја немаа наклоноста на судиите.
Избраниците на Карло Анчелоти двапати ја погодија рамката на голот, Килијан Мбапе во првиот дел и Родриго во вториот дел. Блескаше и голманот на Еспањол со неколку извонредни интервенции.
Во 20.минута беше поништен голот на Винисиус поради прекршокот што гонаправи Мбапе.
Ситуацијата на која замерка имаат навивачите на Реал се случи во 61. минута. Тогаш Карлос Ромеро страртуваше врз Мбапе во обид да прекина контра на Реал. Судијата Руиз покажа жолт картон, а и ВАР собата не се огласи.
Romero received a yellow card for this tackle on Mbappé. pic.twitter.com/qmXZ8nZe3T
— ESPN FC (@ESPNFC) February 1, 2025
Ромеро остана на теренот и потоа го реши натпреварот, во 85. минута.
Фудбалерите на Еспањол изведоа феноменален контранапад, откако се одбранија по корнерот на противникот.
Топката убаво се движеше на крајот Омар Ел Хилали нафрли на далечната статива за за Ромеро, кој со левата нога го совлада Тибо Куртоа и го нокаутира мадридскиот тим.
Спорт
(Видео) Кикс на Астон Вила во Вулверхемптон
Во 24. коло од Премиер лигата, Вулверхемптон на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2:0. Вулверхемптон забележа значајна победа во борбата за опстанок, додека Вила дополнително се оддалечи од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите.
Волвс го шокираа фаворитот во 12. минута со голот на Белгардо. Резултатот остана 1:0 до полувремето, но се чини дека Вулверхемптон можеше побрзо да постигне втор гол, отколку Вла да изедначи. Фудбалерите на Астон Вила не упатија дар кон противничкиот гол во првите 45 минути.
Унаи Емери го повлече Оли Воткинс на полувремето и го претстави најновото засилување, Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 55. минута, но голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.
После тоа Вила немаше многу шанси, Вулвс добро се бранеа, а во 97.минута најдобриот играч на „волците“, Матеус Куња стави точка на натпреварот.