Спорт
Шампионот од АБА лигата нема гарантирано место во Евролигата
Првите луѓе на најелитното европско кошаркарско натпреварување, Евролигата на состанокот во Минхен одлучи регионалната АБА лига од 2020 да не дава претставник, односно да не се продолжи договорот со лигата кој завршува следната сезона.
Евролигата ги додели лиценците за 2020 – повтоно ќе има 18 клубови, а освен „сигурните“ учесници две лиценци одат за Баерн и Асвел (на две години), две лиценци за клубовите од Еврокупот, додека три екипи ќе влезат со „вајлд-карти“, а за АБА-лигата го нема гарантираното место.
Сепак, постои надеж дека АБА клубовите ќе може да добијат барем една од вајлд-картите, со што барем еден клуб од регионот би бил дел од елитата. Од АБА лигата реагираа со соопштение во кое велат дека шампионот од лигата, сепак, ќе има повластена улога при влегувањето во Евролигата.
Македонија следната сезона ќе има еден претставник во втората лига на АБА, МЗТ Скопје Аеродром, откако „металците“ не успеаја да го поминат баражот за влез во првата АБА лига. Актуелен шампион во АБА лигата е Црвена звезда, која во 2019/20 ќе игра во Евролигата.
ЕВРОЛИГА 2020/21
– 11 клубови со А-лиценци: Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Фенербахче, Анадолу Ефес, Панатинаикос, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Макаби Тел Авив, Жалгирис Каунас, Олимпија Милано.
– 2 клуба со двегодишна лиценца: Асвел, Баерн
– Финалистите од Еврокупот
– Три клуба со „вајлд-карти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.