Спорт
Шапекоенсе – пред 3 години им загина цела екипа, сега испаднаа од лигата

Фудбалерите на бразилски Шапекоенсе, тимот за кој пред 3 години плачеше целиот свет, испадна од првата бразилска лига. Сепак порачуваат дека нема да се предадат.
Синоќа Шапекоенсе на домашен терен претрпе пораз од Ботафого со 1-0, па на 3 кола пред крајот на првенствто, математички останаа без шанси за опстанок.
„За жал, веќе немаме шанси за опстанок во првата бразилска лига. Со оглед на тешките времиња, нема да се предадеме. Со посветена работа и со помош на навивачите, набрзо ќе се вратиме“ – порачаа од клубот.
За потсетување, пред точно 3 години во трагична авионска несреќа загина речиси целата екипа на Шапекоенсе. Преживеаја само тројца фудбалери, а двајца од нив успеаја да се вратат во фудбалот, и тоа во истиот клуб.

Шапекоенсе патуваше на финалниот меч во Копа Судамерикана кога авионот во кој имаше 81 патник се сруши во Колумбија. Загинаа 76 луѓе, а петмина ја преживеаја несреќата.
Final de partida.
Com o resultado, infelizmente, não temos mais chances matemáticas de permanecer na Série A. Apesar do momento difícil, não iremos nos entregar. O ORGULHO DE SER CHAPE permanece, independente da divisão.
Com trabalho e a força da torcida, em breve voltaremos! pic.twitter.com/FZxqdNAnhO— Chapecoense (@ChapecoenseReal) November 28, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.