Контакт

Спорт

Синер без шанси против разиграниот Ѓоковиќ

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Мастерсот во Монте Карло. Во својот прв меч, по пауза од седум недели, Ѓоковиќ за 95.минути, го победи младиот Италијанец, Јаник Синер со 6/4, 6/2.

Ѓоковиќ успешно се справи со 19-годишникот, на кого му предвидуваат блескава кариера. Дека не е импресиониран од својот идол, Синер, покажа во третиот гем, кога направи брејк и поведе со 2:1.

Од тој момент, Ѓоковиќ го крена нивото на својата игра, освои четири гема, дојде до предност 5:2, а кога сервираше за првиот сет Синер успеа да му го одземе сервисот. На крајот Ѓоковиќ сепак го освои сетот со 6/4.

Во вториот сет немаше никаква неизвесност, Ѓоковиќ дојде до 4:1, а во осмиот гем, на сервис на противникот, го заклучи мечот, искористувајќи ја третата меч топка.

Ѓоковиќ, во третото коло, ќе игра против победникот од Мајами, Роберт Фуркаш или Даниел Еванс.

Покрај Ѓоковиќ, во два сета, втората рунда ја минаа упте и Андреј Рубљов, Давид Гофан, Филип Крајиновиќ, Каспер Руд и Кристијан Гарин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Касилјас повторно во болница – проблеми со срцето!

Објавено пред

Поранешниот голман на Реал Мадрид и Порто, Икер Касилјас, повторно има проблеми со срцето поради што бил примен во болница.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, легендарниот голман, минатата недела, поради силни болки во градите, бил примен во една болница во Мадрид.

Играл тенис со пријателите кога забележал дека срцето забрзано му чука, па веднаш се јавил на лекар. Направени се испитувања, кои ја исклучиле можноста од нов срцев удар. Пуштен е на домашно лекување, но му рекле да биде внимателен.

Касилјас доживеа срцев удар на 1 мај 2019 година за време на тренинг на Порто по што беше принуден да ја заврши долгогодишната кариера.

Дресот на Реал Мадрид го носеше на 510 меча, а за Порто настапи на 116 натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Џо Харт: Велат Манчестер сити нема иднина, ама има душа!

Објавено пред

Поранешниот капитен на Манчестер сити, голманот Џо Харт, не го криеше воодушевувањето откога „граѓаните“ изборија пласман во големото финале на Лигата на шампионитем, што годинава ќе се одигра во Истанбул.

„Ова е голем момент за клубот. Луѓето велат дека овој клуб нема иднина во европски рамки, но секако има душа. Многу луѓе поминаа низ клубот во минатото, имаше добри и лоши моменти, но останаа заедно. Тоа е долг процес и среќен сум поради нив, но и поради навивачите со кои сум многу близок. Ништо сѐ уште не е готово, ова не е клуб што само сака да влезе во финалето, туку сака и да го освои“, рече Харт.

Чуварот на мрежата и на „гордиот албион“ во Сити дојде како 19-годишник во 2006 година. Дел од екипата беше сѐ до 2018 година со 348 настапи во синиот дрес. Во моментот е резервен голман во Тотенхем.

„Кога дојдов во 2006 година, целта на Сити беше само да заврши во горниот дел од табеата, но тогаш се случи промената на сопственикот, дојде групација од Абу Даби и видовме дека се подготвуваат големи работи. Изградија цврсти темели и го надградија духот на Манчестер сити“, заклучи Џо Харт.

„Граѓаните“ на Гвардиола вечерва ќе го дознаат противникот во финалето – Челси или Реал Мадрид.

За Манчестер сити, тоа ќе биде прво финале во ЛШ, но и прво европско финале уште од далечната 1970 година кога Сити го освои тогашниот Куп на победници на куповите (денешна Лига Европа).

Прикажи повеќе...

Спорт

Јокиќ има мака со палецот на ногата – може да пропушти меч првпат по 2 години

Објавено пред

Еден од сериозните кандидати за МВП оваа сезона во НБА-лигата – Србинот Никола Јокиќ – чувствува болка во палецот на десната нога, па во прашање е неговото учество во вечерашниот дуел на неговиот клуб Денвер Нагетс против Њујорк Никс.

Иако тренерот на Нагетси и порано истакнуваше дека разговарал со српскиот интернационалец за негова пауза поради одмор, сепак српскиот центар инсистирал да игра.

Интересно е дека Јокиќ одиграл 173 натпревари без пауза во низа, а последниот меч што го пропуштил е оној од 7 април 2019 година.

Денвер има доста проблеми со повредени играчи, Џемал Мареј ја заврши сезоната кога ги скина лигаментите на коленото, а помали повреди имаат и Монте Морис и Пи Џеј Дозир.

За потсетување, Денвер веќе обезбеди плејоф во НБА-лигата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија4 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија8 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија8 часа

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија10 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија10 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет10 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион11 час

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет11 час

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет11 час

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија12 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион24 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет1 ден

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија1 ден

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија1 ден

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа1 ден

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Досие