Контакт

Спорт

Славниот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде складиште

Објавено пред

Реал Мадрид потврди дека нивниот славен стадион „Сантијаго Бернабеу“ ќе служи како центар за складирање медицинска опрема и за други материјални донации, кои организациите и бизнисите ќе ги направат за борба против коронавирусот.

Шпанија е меѓу најпогодените од Ковид-19 со над 56.000 заболени и повеќе од 4.000 мртви и земјата е затворена, барем до 12 април. Бидејќи фудбалот нема набргу да се врати на теренот во шпанската престолнина, можно е „Бернабеу“ да има поинаква корисна функција.

„Реал Мадрид во соработка со Советот за спорт (ЦСД) објавува проект за снабдување и дистрибуција на стратешки медицински материјал во борбата со пандемијата. ’Сантијаго Бернабеу’ ќе понуди простор за опремата и за донациите. Сите материјали подоцна ќе им бидат предадени на шпанските здравствени власти за да се искористат на најдобар начин“, се вели во соопштението на клубот.

Спорт

НБА ќе стави крај на сезоната?

Објавено пред

Сезоната во НБА лигата веројатно нема да заврши бидејќи состојбата со коронавирусот во САД се влошува секој ден. Во Америка е земја со најмногу заразени со вирусот КОВИД-19. Ситуацијата е најкритична во Њујорк, а вирусот со неверојатна брзина се шири низ сите сојузни држави.

Поради ваквата состојба под голем знак прашалник е продолжувањето на сезоните во професионалните спортови.

Новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорс тврди дека челниците на НБА лигата размислуваат да ја прекинат сезоната.

„Разговарав со двете страни, јасно е дека НБА размислува да стави крај на сезоната. Воопшто во НБА не се разговара за евентуалното продолжување на сезоната. Најмногу се разговара за финансиските последици доколку сезоната биде прекината“, рекол Виндхорст.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Фернандеш ќе биде новиот Пол Сколс

Објавено пред

Брајан Робсон поранешен капитен на Манчестер Јунајтед бил воодушевен од играта на 25 годишниот Бруно Фернандеш. Португалецот во земскиот преоден рок за 60 милиони евра од Спортинг се пресели на „Олд Трафорд“.

Бруно Фернандеш покажа дека ќе биде вистиско засилување за Манчестер Јунајтед. Брајан Робсон рекол дека Портигалецот е наследникот на Пол Сколс.

Сколс од 1993 до 2013 година играше за Јунајтед, а според многумина тој е еден од најдобрите играчи од редот за врска на својата генерација.

„Не ме потсетува на Кин, ниту на Инс или Бат, за мене Фернандеш е играч каков што беше Сколс. Брилијантно го чувствува просторот помеѓу одбраната и средниот ред. Има одличен преглед на играта, во состојба е да додаде на начин како што тоа го правеше Сколс“, рекол Робсон и дополнил.

„Се надевам дека Фернандеш ќе ги оправда моите зборови и дека биде новиот Полс Сколс во Манчестер Јунајтед“.

Фернандеш од доаѓањето во Јунајтед, во Премиер лигата има одиграно пет натпревари на кои постигнал два гола и забележал три асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

ФИФА ја помести старосната граница за ОИ

Објавено пред

ФИФА ја помести старосната граница за фудбалерите кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио. Игрите поради коронавирусот се одложени за наредната година.

Според правилата на олимпискиот турнир во фудбал можат да настапат фудбалери на возраст до 23 години. ФИФА дозволува секоја репрезентација да има најмногу тројца играчи кои ја надминуваат оваа старосна граница.

Бидејќи ОИ се одложени ФИФА донесе одлука наредната година старосната граница да биде поместена на 24 години. Ова значи дека селекторите ќе можат со играчите што ги планирале оваа година да настапат и наредната година.

На ОИ наредната година ќе можат да играат фудбалери редени по 1 јануари 1997 година.

На олимпискиот турнир наредната година титулата ќе ја брани Бразил. Покрај бразилската ќе учествуваат и репрезентациите на: Јапонија, Германија, Франција, Аргентина, Шпанија, Романија, Брегот на Слонова коска, Египет, Јужна Африка, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет3 часа

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија4 часа

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет5 часа

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија5 часа

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет5 часа

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет5 часа

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија19 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет19 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет20 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија21 час

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија22 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ1 ден

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија1 ден

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија1 ден

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија1 ден

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија1 ден

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија1 ден

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија1 ден

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија1 ден

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Досие