Спорт
Спектакуларна кореграфија на навивачите на Галатасарај
Навивачите на турскиот гигант Галатасарај приредија спектакуларна кореографија на стадионот Неф во чест на 100-годишнината од формирањето на Република Турција. Сè изгледаше навистина спектакуларно.
Навивачите на великанот од Истанбул и оддадоа почит на својата земја на вечерашниот натпревар против Аланијаспор. Направија нереална атмосфера за која ќе се зборува.
За 100-тиот роденден на Република Турција беше подготвена кореографија за паметење.
Се разбира, најголемиот дел од кореографијата е посветена на основачот на турската држава, Мустафа Кемал Ататурк, кој го собори султанот Мехмед VI пред точно 100 години и го укина султанатот.
Една година подоцна, на 22. октомври 1923 година, Турција официјално беше прогласена за република, а Мустафа Кемал стана нејзин прв претседател. Подоцна го добил прекарот Ататурк (Татко на Турците).
Ататурк и денес е важен дел од животот на сите Турци. Неговите достигнувања ќе останат засекогаш запаметени и турскиот народ му е благодарен за сè што направил низ историјата.
Што се однесува до натпреварот меѓу Галатасарај и Аланијаспор, тој заврши со резултат 2:2. Галатасарај имаше водство од 2:0 со головите на Мертенс и Икарди. Проблемите за Галата започнаа во 31.минута Бое доби црвен картон.
Во вториот дел Балковец намали на 2:1, а Коко во 91.минута ги постави конечните 2:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан го продолжи договорот со Панатинаикос
Американецот Кендирк Нан денеска, како што беше најавено, потпиша нов договор со Панатинаикос.
Нан, кој го однесе Панатинаикос на завршниот турнир во Евролигата, имаше желба да се врати во НБА веќе летово, но како што изјави му се допаѓа Европа, Атина и Панатинаикос.
Тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата во моментов и е фигура која може да ја направи разликата на теренот во корист на Панатинаикос на претстојниот фајналфор.
Тој ќе биде член на зелените во следните две сезони, со излезна клаузула во НБА следното лето.
На 33 натпревари во Евролигата, Нан имаше просек од 16 поени, три асистенции и 2,6 скока (48 проценти од шутот за два поени, 42 проценти од шутот за три поени и 96 проценти од слободните фрлања).
Пред да дојде во европската кошарка, тој играше четири години во НБА лигата, а во првата сезона 2019/20 година се најде во најдобрата петорка на дебитанти. Во НБА играше за Мајами Хит и ЛА Лејкерс.
Спорт
Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер
Борусија Дортмунд е во финалето на Лигата на шампионите. Двата полуфинални натпревари против ПСЖ, Борусија ги доби со 1:0.
На „Паркот на принцовите“, победникот го реши голот што го постигна Матс Хумелс во 50. минута.
Ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите за Борусија. Во првата, во 1997 година, го победија Јувентус со 3:1, а во 2013 година загубија со 2:1 од Баерн.
На првиот натпревар во Дортмунд, ПСЖ погоди две стативи, а во Париз само во вториот дел уште четири пати ја погодија рамката на голот.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека моравме да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ја погодивме стативата. Фудбалот понекогаш е толку неправеден“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике за „ТНТ“ по натпреварот и продолжи.
„Честитки за нив. Тие се одличен тим и се надевам дека ќе победат во финалето. Мораме да се регрупираме и да создадеме нешто посебно и да се вратиме следната сезона и да го освоиме ова натпреварување”.
Спорт
Видео на денот – Марко Ројс како водач на навивачите
Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието е клупската легенда Марко Ројс.
Во пресрет на реваншот со Пари Сен Жермен, Ројс официјално објави дека го напушта саканиот клуб на крајот на сезоната, по истекот на договорот.
Не можеше да замисли подобро збогување од финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, каде што беше актер и во 2013 година во поразот од Баерн Минхен.
Токму затоа ова е видеото на денот, Марко Ројс го предводи навивањето по победата над „светците“ во Париз.
Борусија славеше со голот на уште еден ветеран, Матс Хумелс и со вкупен резултат 2:0 се пласира во финалето.
🇩🇪 Marco Reus celebrating with the Dortmund fans last night… 🫂🗣️
𝙄𝙣𝙘𝙧𝙚𝙙𝙞𝙗𝙡𝙚. ⚫️🟡 pic.twitter.com/laOKT95VvJ
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) May 8, 2024