Спорт
Србија не ја коментира жалбата на Косово за „шовинистичките“ маички и песни
Српскиот фудбалски сојуз (ФСС) нема да реагира на најавите од Косовскиот фудбалски сојуз (ФФК) дека ќе се жалат до УЕФА за прославата на српските фудбалери по пласманот на Светското првенство во 2022, велејќи дека се работи за „демагошка приказна за локална употреба“.
Косовците ќе се жалат на Србите поради истакнување на националистички симболи преку нивнтие маици, отпеаните песни и покажувањето на три прста. Според нив, во песната „Весели се српски роде“, која ја пееја фудбалерите се споменуваат градови во две соседни држави – Призрен на Косово и Румија во Црна Гора, што ја докажува „српската шовинистичка“ политика.
Покрај тоа, спорни се и маичките кои ги носеа српските фудбалери по победата во Лисабон, каде што се гледа мапа на Србија во која е вклучено и Косово.
Во Србија сметаат дека Косовците немаат причина за овој потег, бидејќи ниту една од забелешките не била внесена во извештајот на делегатот на натпреварот.
“The FFK will file a complain to UEFA regarding the action of Serbian footballers, who after the match with Portugal appeared in shirts with irredentist & nationalist inscription.”
via FFK pic.twitter.com/vxIxcI6bBB
— Kosovan Football ?? | ? (@kosovanfooty_EN) November 15, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рој Кин: Карик не е вистинскиот човек за Јунајтед
Мајкл Керик со Манчестер Јунајтед забележа две импресивни победи, над Манчестер Сити и Арсенал, но легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, не е премногу импресиониран. Рој Кин е убеден дека Мајкл Карик е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.
„Два одлични натпревари, но секој може да победи на два натпревари. И да ги добие Јунајтед сите натпревари до крајот на сезоната, не би го задржал. Не сум убеден дека тој е вистинскиот човек за менаџер на Манчестер Јунајтед. Апсолутно не“, рече Кин и додаде:
„Им треба познат и подобар тренер. Толку голем клуб, толку големи предизвици во следните неколку години, ви треба тренер за кој сметате дека може да ви ја донесе титулата во Премиер лигата. Дали ќе седиме тука и ќе велиме дека Мајкл Карик може да му донесе титули на Јунајтед? За мене, тоа не е доволно. Не верувам дека тој е тој човек.“
Тој не само што критикуваше, туку имаше и пофалби.
„Со оглед на тоа каде беа и каде се сега, тие вратија малку дрскост, смиреност во играта. Два брилијантни гола, играчите од клупата имаа големо влијание. Навивачите можеа да се слушнат, како во добрите стари времиња. Карик заврши навистина добра работа. Два брилијантни натпревари, вистински квалитет“, рече Кин.
Јунајтед моментално е четврти во Премиер лигата со 38 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
Манчестер Сити покажува интерс за Трент Александер-Арнолд
Манчестер Сити активно ја следи ситуацијата околу Трент Александер-Арнолд (ТАА), чија иднина во Реал Мадрид станува сè понеизвесна откако англискиот репрезентативец не успеа да импресионира по трансферот од Ливерпул минатото лето.
Иако изворите од Шпанија велат дека Александер-Арнолд е решен да се бори за своето место, наводно постои растечка фрустрација зад кулисите, од начинот на кој се одвива неговата прва сезона во Шпанија.
Откако пристигна, 27-годишникот започна само пет натпревари во Ла Лига, а шпекулациите околу неговата иднина привлекуваат интерес од други клубови, пишува „TEAMtalk“.
Се шпекулира, дека менаџерите на ТАА, веќе воделе разговори со Манчестер Сити, кои бараат нов десен бек пред летниот преоден рок. Иако сè уште не е направен официјален пристап, вицешампионот од Премиер лигата внимателно ја проценува ситуацијата.
Минатото лето, ТАА потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид кој го обврзува до 2029 година. Затоа, секој трансфер би барал значителна компензација. Реал Мадрид не е под притисок да го продаде, но незадоволството на играчот би можело да отвори врата за преговори ако пристигне вистинската понуда.
Новиот спортски директор на Сити, Уго Вијана, веќе покажа дека не се плаши од големи зделки по јануарските аквизиции на Марко Гуеи и Антоан Семењо, што најавува и смел пристап во следниот преоден рок.
Само неколку клубови можат да си дозволат да го доведат ТАА од Мадрид, а Манчестер Сити е сигурно меѓу нив. Неговото доаѓање би било значаен поттик, со оглед на тоа што додека играше за ривалот Ливерпул, тој се сметаше за еден од најдобрите дефанзивци во Европа, каде што освои осум големи трофеи.
Во 354 настапи за „Црвените“, тој забележа 23 гола и 92 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пакета го напушта Вест Хем
Вест Хем и Фламенго постигнале договор за трансферот на Лукас Пакета, објави бразилската филијала на ESPN. Според овој извор трансферот изнесува 41.000.000 милиони евра.
За да биде реализиран трансферот на Пакета, клубовите треба да ја договорат динамиката на плаќање.
Вест Хем бара целата сума да биде исплатена во рок од 12 месеци.
28-годишниот офанзивен играч од средниот ред има договор со Вест Хем до летото 2027 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 35 милиони евра.
Пакета пристигна во лондонскиот клуб од Лион во 2022 година за 43 милиони евра и стана важен играч за клубот и бразилската репрезентација.
Foto/ depositphotos

