Спорт
Тод Бели го сака Роналдо во Челси!

Новиот газда на Челси, Американецот Тод Бели, е заинтригиран од идејата да го донесе Кристијано Роналдо на „Стемфорд Бриџ“ и веќе преговарал со неговиот агент Жорге Мендеш, тврди англискиот „Атлетик“ откога Португалецот им соопшти на шефовите на Манчестер јунајтед дека сака брз трансфер од клубот.
37-годишниот Роналдо бара прифатлива понуда за Јунајтед поради загриженоста од слабата активност на „ѓаволите“ на преоднниот рок, а иако се веруваше дека Баерн Минхен и Рома се први фаворити за неговиот потпис, сега доаѓа можноста да остане во Премиер лигата. Јунајтед инсистира дека тој не е на продажба.
Останува да се види како Роналдо би се вклопил во Челси бидејќи менаџерот Томас Тухел преферира помлади и поподвижни напаѓачи, кои може да играат пресинг. Сепак, вербата е дека американските газди сакаат да направат„блокбастер-трансфер ова лето, особено по неславното заминување на Ромелу Лукаку во Интер.
Роналдо не се појави на почетокот на тренинзите на Јунајтед денеска откога клубот му дозволи да отсуствува поради семејни причини, но англиските медиуми додаваат дека Португалецот набргу ќе се сретне со новиот менаџер Ерик Тен Хаг за да се разговара за иднината.
Chelsea are considering a move for Cristiano Ronaldo amid the forward informing #MUFC he wants to leave the club this summer if a suitable offer arrives, The Athletic understands.
More from @David_Ornstein pic.twitter.com/zxo91vcS2A
— The Athletic UK (@TheAthleticUK) July 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Левандовски: Барселона оваа сезона ќе освои неколку трофеи

Новиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, уште еднаш изрази уверување дека тимот ќе освои трофеи оваа сезона, и покрај неуспешниот старт во Ла Лига против Рајо Ваљекано (0:0).
„Мислам дека беше доволно време Барса да не освои трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку пехари оваа сезона“, изјави полскиот напаѓач.
Тој уште еднаш потенцираше дека го направил вистинскиот потег со трансферот на „Камп Ноу“.
„Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот“, истакна Левандовски.
Спорт
Роналдо набргу ќе ја каже вистината за Манчестер јунајтед
Кристијано Роналдо удри по англиските медиуми велејќи дека тие постојано објавувааат лаги за него и вети дека наскоро ќе ја каже вистината за неговата ситуација во Манчестер јунајтед.
„Ќе ја дознаат вистината во интервју за неколку недели. Медиумите кажуваат лаги. Имам бележник и во последните неколку месеци од 100 вести за мене, само 5 беа вистинити. Таква е ситуацијата“, коментираше Роналдо на Инстаграм.
Во последните месеци вестите велеа дека Португалецот сака да замине од „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок, наводно незадоволен од засилувањата на тимот и од тоа што „ѓаволите“ не играат во Лигата на шампионите, но исто така се тврдеше дека повеќе клубови (Атлетико Мадрид, Интер, Милан, Пари Сен-Жермен, Челси, Баерн Минхен…) одбиле можност да го добијат.
Спорт
Дани Себалјос одлучи да остане на „Бернабеу“

Шпанскиот репрезентативец Дани Себалјос ќе остане во Реал Мадрид и оваа сезона. Иако е свесен дека повторно ќе има периферна улога во мадридскиот тим, играчот од средниот ред избра да остане во клубот.
Анчелоти, пак, сметаше дека нема подобар играч на трансфер пазарот да го замени стартерот Лука Модриќ. Тој на 26-годишниот Шпанец му вети и поголема минутажа оваа сезона.
Дополнително, раководството ја разгледува можноста фудбалерот кој има 11 натпревари за репрезентацијата да добие понуда за продолжување на договорот кој истекува следното лето.
Откако помина две години на позајмица во Арсенал, Дани Себалјос остана во Реал Мадрид минатата сезона, но доби само 338 минути на 18 натпревари во сите натпреварувања. Во новата сезона, тој се појави на двата натпревари на тимот досега о повторно како резерва, со скромна минутажа.