Спорт
Тотенхем испуштија 3:1 во Саутемптон, Лидс победи кај Вулверхемптон

Два спектакуларни натпревари се одиграа попладнево во Премиер лигата. Саутемптон освои бод против Тотенхем (3:3), а Лидс победи со 4:2 на гости кај Вулверхемптон. Попладнево Астон Вила со 3:0 го победи Борнмут, а без победник 1:1, заврши пресметката меѓу Брентфорд и Лестер.
Тотенхем направи голем кикс во борбата за место во Топ 4, а Саутемптон освои голе бод во борбата за опстанок.
„Светците“ во последните 15 минути успеаја да ја стигнат предноста на риваите од 3.1. Првиот гол на „Сен Мерис“ стадионот го постигна Педро Поро во самиот финиш на првиот дел. За Шпанецот ова беше прв гол во дреост на Тотенхем.
Во првата минута од втриоот дел израмни Адамс, а потоа Тотенхем во 65. и 75.минута поентираше преку Кејн и Перишиќ.
Волкот во наредниот напад го намали резултатот, а Ворд Праус од пенал во 93.минута го шокираше фаворитот.
Тотенхем остана на четвртото место со 49 бода, има два бода и два натпревари повеќе од Њукасл. Саутмептон се последни со 23 бода.
Лидс избега од опсната зона со победата 4:2 над Вулверхемптон. Вулвс останаа на 27 бода и се 13. на табелата, веднаш зад нив со бод помалку е Лидс. Херисон, Ајлинг и Кристенсен му донесоа на Лидс сигурна предност, но Вулвс се вратија со два гола (Џони Катро и Матеус Куња). Победата на Лидс ја запечати Родриго.
Интересно стрелците на головите за Вулвс добија црвени картони, Џони Кастро во 82., а Куња надвор од теренот во 101. минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ГОГ ја доби данската битка, за во првото четврт-финале да налетаат на Барса!

Во бурно осминафинале, ГОГ го совлада Алборг со 32:24, надминувајќи ја негативата од два гола (28:30) од првиот меч за пласман во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ.
Во своето прво четврт-финале во историјата за клубот од малиот дански град Гудме, со 1.000 жители, ќе играат со европскиот гигант и актуелен шампион Барселона.
ГОГ не го испуштија водството во текот на целиот меч, правејќи +4 на полувреме 15:11, а бидејќи им беше потребен триумф од само три гола разлика за пласман, не им дозволија на ривалите да се вратат во бурното второ полувреме. Симон Питлик беше убедливо најдобриот играч на ГОГ со 8 гола, додека Вернсдорф додаде 7.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно 74:55
ГОГ – Алборг 32:24 (15:11), прв меч 28:30, вкупно 60:54
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил
Спорт
Медведев го стопираше Јубанкс за полуфинале во Мајами

Данил Медведев се пласираше во петто последователно полуфинале на АТП турнејата, откако ја стопираше фантастичната серија на Американецот Кристофер Јубанкс со 6:3/7:5 победа на Мајами опен. Следен противник на Русинот ќе биде или неговиот сонароник Карен Хачанов или Франциско Керундоло.
Медведев, кој е четврт носител во Мајами, има 22 победи во последните 23 меч, серија во која освои титули во Ротердам, Доха и Дубаи пред да загуби во финалето во Индијан Велс од Карлос Алкараз. 26-годишниот Американец Јубанкс, пак, е релативно анонимен тенисер кој успеа да влезе до четврт-финалето откако играше квалификции, а потоа ги елиминираше и Денис Кудла, Борна Чориќ, Грегоар Барер и Адријан Манарино.
Русинот доминираше во мечот, со 9 аса и 27 директни победнички топки во меч кој траеше 1 час и 29 минути.
Спорт
Веспрем го запечати местото во четврт-финалето

Веспрем беше подобар и во втората пресметка со својот унгарски ривал Пик Сегед стигнувајќи до убедлива 38:33 победа, за да се пласираат во четврт-финалето на Лигата на шампиони на ЕХФ. Следен противник за Сегед во битката за Фајнал фор ќе биде полскиот Кјелце.
Патникот во четврт-финалето беше познат и пред стартот на мечот, откако во првиот дуел на Сегед и Веспрем, попознатиот унгарски тим имаше победа од 13 гола разлика (36:23).
Сегед беа израмнет противник само во првите десетина минути игра, по што Веспрем дојде во водство од 6:5 и потоа не го испушти до крајот на мечот. Расмус Лауге постигна 9 гола за Веспрем, Гашпер Маргуч додаде 7 гола, додека на Сегед не им помогнаа 10-те гола на Иманол Гарсиандија.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ
Веспрем – Пик Сегед 38:33 (17:16), прв меч 36:23, вкупно
ГОГ – Алборг 20.45 ч., прв меч 28:30
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/4 ФИНАЛЕ
Кјелце – Веспрем
Магдебург – Висла Плоцк
Барселона – Алборг/ГОГ
Пари Сен-Жермен – Кил