Контакт

Спорт

Украина се загреа со победа над Северна Ирска

Објавено пред

Откако вчера Холандија се намачи за 2:2 реми со Шкотска, а Австрија загуби со 1:0 од Англија, денеска и третиот противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство го имаше својот прв подготвителен меч пред шампионатот, откако Украина во Днипро ја совлада Северна Ирска со 2:0.

Единствениот гол го постигна Олександер Зубков во 10. минута од мечот, користејќи ја лошата реакција на ирската одбрана.

Македонија својот втор тест пред дебито на големата сцена го има утре во Скопје против Казахстан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Украина го израмни негативниот рекорд на Југославија

Објавено пред

Со поразот од Холандија, Украина израмни негативен рекорд на европските првенства. Поразот од Холандија 3:2 беше шести последователен за Украинците на континенталните шампионати.

Украина во спектакуларен меч успеа за четири минути да ја стигне предноста на Холандија од 2:0, но на крајот Дамфрис ги уништи нивните надежи дека непоразени е заминат од Амстердам.

Последен пат Украина освоила бодови на европско првенство во 2012 година кога заедно со Полска беше домаќини. Во првото коло Украина ја победи Шведска. Потоа забележаа порази од Франција и Англија, а на Евро 2016 од нив подобри беа Германија, Северна Ирска и Полска.

Низа од шест порази на европските првенства има поранешна Југославија во периодот од 1968 до 1984 година.

Наредниот противник на Украина на Евро ќе биде Македонија, натпреварот се игра на 17 јуни во Букурешт.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рутинска победа за Милвоки – Бруклин останаа без Ирвинг

Објавено пред

Кошаркарите на Милвоки Бакс со 107:96 славеа во дуелот со Бруклин Нетс и го израмнија резултатот во серијата на 2-2.

Милвоки, победата ја обезбедија со брилијантната игра во првото полувреме, во кое постигнаа 11 тројки. Полувремето минаво знакот на повредата, на Кајри Ирвинг. Суперстарот на Бруклин, го повреди скочниот зглоб и веднаш го напупти теренот. Прашање е дали Ирвинг поради оваа повреда ја заврши сезоната.

Повредата на Ирвинг е голем удар за амбициите на Бруклин, бидејќи на почетокот на серијата останаа без Џејмс Харден

Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 34 поени и 12 скокови, Крис Мидлтон уфрли 19, Џру Холидеј 14 поени.

Кај Бруклин најефикасен беше Кевин Дурент со 28 поени (16 во третата четвртина), 13 скокови и пет асистенции. До повредата Ирвинг постигна 11 поени.

Петтиот натпревар на програмата е в среда, во Бруклин.



Прикажи повеќе...

Спорт

Јокиќ исклучен, Денвер доби метла

Објавено пред

Деневер Нагетс со МВП на НБА-лигата, Никола Јокиќ, доби метала од Финикс Санс. Екипата од Арзиона со 4-0 избори пласман во финалето на Западот. Четвртиот меч од серијата Финикс го доби со 125:118. Дуелот го обележа исклучувањето на Јокиќ.

Како и во претходните три меча, и во четвртиот немаше дилема кој ќе победи. Финикс водеше и го диктира ритамот од почетокот до крајот. Надежите на Денвер дека ќе може да забележат победа паднаа во вода со исклучувањето на Јокиќ.

Српскиот центар, поради силен фаул врз Камерон Пејн, беше исклучен во 28. минута. Јокиќ забележа 22 поена, 11 скока и четири асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Вил Бартон со 25 поени, Мајкл Портер Јуниор постигна 20, Монте Морис 19 поени.

Финикс до победата го предводеше ветеранот Крис Пол, кој одигра неверојатна серија. Четвртиот меч го заврши со 37 поени и седум асистенции. Во чекор го следеше Девин Букер со 34 поени и 11 скока.

Финикс во финалето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Јута Џез и ЛА Клиперс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет2 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија2 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт14 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт15 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт15 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија22 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа22 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ22 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија22 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт23 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија2 дена

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија2 дена

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Досие