Спорт
Промаши два пенала за четири минути (видео)

Фудбалерот на Газијантеп, Мухамед Демир, имал свое шоу на натпреварот против Ризеспор, кој неговиот тим го доби со 2:0.
Газијентеп победи со головите на Соуса во 52. и Џилобоџи во 92. минута. Помеѓу двата гола на Газијантеп свое шоу имаше Демир, кој во интервал од четири минути промаши два пенала.
Првиот удар од белата точка Демир не успеа да го претвори во гол во 57. минута. Кога четири минути подоцна за Газијантеп судијата додели уште еден пенал, тренерот Мариујуш Сумудица се обидел да му каже пеналот да го изведе Максим, но Демир не ја послушал одлуката на тренерот и не го реализира и вториот пенал.
Mental scenes in Turkey! Demir missed 2 penalties in the space of just 4 minutes. Coach Sumudica went nuts before the 2nd miss, asking Demir to allow Maxim to take the pen. Demir didn’t want to give the ball and then wasted the penalty. Sumudica left his dugout immediately! pic.twitter.com/ytPQWQOD0z
— Emanuel Roşu (@Emishor) February 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Свилар ангажирал тим адвокати за да се врати во репрезентацијата на Белгија

Талентираниот голман, со спрско потекло, Миле Свилар вложува максимални напори за да добие можност да игра за белгиската репрезентација, а во врска со тоа, ангажираше тим адвокати кои ќе работат на тоа ФИФА да му излезе во пресрет и да му дозволи да брани за Блегија, земја во која е роден.
Голманот на Рома игра во животна форма, минатата сезона беше прогласен за најдобра во Серија А. Сега сака да игра за земјата во која е роден и од каде што потекнува неговата мајка. Неговиот татко е славниот Миле Свилар, поранешен репрезентативец на Југославија.
Поради ова, Свилар ангажираше тим адвокати кои ќе му помогнат со правните работи, со оглед на тоа што беше член на српската репрезентација.
„Газета дело Спорт“, која ја објави информацијата, пишува дека Свилар е убеден дека постои „дупка“ што адвокатите ќе ја најдат и ќе ја искористат за неговото враќање во белгиската репрезентација, за која играше во помладите категории.
Во септември 2021 година, Свилар дебитираше за сениорската репрезентација на Србија во пријателски натпревар против Катар, но потоа се предомисли.
Факт е дека Србија долго време немала толку многу квалитетни кандидати за прв голман на репрезентацијата, и затоа на Сливар не би му било загарантирано место меѓу првите 11.
Foto/ EPA
Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.