Спорт
Валенсија го бара Енис Барди на позајмица
Шпанскиот прволигаш Валенсија е заинтересиран да го врати македонскиот репрезентативец Енис Барди во Ла Лига. Тој во минатото беше член на градскиот ривал Леванте, но сега би можел да пристигне на „Месталја“.
Според турските медиуми, Валенсија испратила официјална понуда до Трабзонспор да го добие Барди на позајмица за претстојната сезона. Турскиот клуб многу повеќе би сакал комплетно да го продаде Барди, но, сепак, не се отфрла можноста двата клуба да постигнат договор и за позајмица.
Енис Барди има договор со Трабзонспор до јуни 2025 година, а за него постои интерес и од Џирона и од Осасуна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гасперини: На неверојатен начин се запишавме во историјата
Аталанта го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.
Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.
Аталанта одигра совршен натпревар, најзаслужен за тоа е тренерот Џан Пјеро Гасперини кој во целост го надмудри младиот колега Чаби Алонсо.
„Мислам дека испишавме историја, но начинот на кој го освоивме трофејот е неверојатен. Ги повторивме изданијата од Ливерпул и Лисабон. Спортинг ја освои лигата, Ливерпул беше прв во Премиер лигата кога игравме таму, Баер Леверкузен доминираше во Бундеслигата”. рече Гасперини и продолжи:
„Ние често играме со тројца напаѓачи, моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, немаше да биде доволно за победа доколку решевме да се браниме. Знаевме дека овие тимови се одлични кога напаѓаат, но не се толку добри кога ќе ги принудиш да се бранат. Сите мои играчи беа извонредни“.
Спорт
Баерн преговара и со Венсан Компани
Тренерот на Барнли, Венасн Компани, од следната сезона би можел да го предводи Баерн Минхен.
Според новинарот на „Скај спорт Германија“, Флоријан Плетенберг, Баерн е сериозно заинтересиран за Винсент Компани.
Се наведува дека се водени прелиминарни разговори и дека некои од клупските ченици сметале дека Компани има голем потенцијал.
Баерн долго време се мачи да најде нов тренер. Откако донесоа одлука да се разделат со Томас Тухел, не можат да најдат соодветна замена.
Понуда од клубот одбија Јулијан Нагелсман, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Ралф Рагник.
Наводно, Баер го следи Компани уште од моментот кога влезе во тренерските редови и ја започна кариерата како стратег на Андерлехт.
Моментално е тренер на Барнли, минатата сезона успеа да избори промоција во Премиер лигата, но оваа сезона експресно се врати назад. Неговиот тим заврши на 19. место на табелата во елитното англиско првенство.
Баерн би морал да плати обештетување доколку дојде до договор за соработка.
Спорт
Јокиќ ја предводи најдобрата петорка во НБА
НБА лигата ги објави имињата на играчите кои се најдоа во идеалниот тим на ова натпреварување.
Актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ ја предводи најдобрата петорка.
За српскиот центар ова е четврти пат во кариерата да се најде во елитното друштво (2019, 2021, 2022, 2024).
Покрај него, тука се и Јанис Адтетокумбо (Милвоки), Лука Дончиќ (Далас), Шеј Гилџис-Александер (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон).
Во петорка се Џејлен Бренсон од Њујорк, крилниот центар на Лејкерс Ентони Дејвис, Кевин Дурант (Феникс),најдобриот играч на Минесота Ентони Едвардс и Каваи Ленард (ЛА Клиперс).
Третиот тим го сочинуваат Девин Букер (Феникс) , Стеф Кари (Голден стејт), Тајрис Халибартон (Индијана), Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс) и Домантас Сабонис (Сакраменто).