Спорт
Вулвс го откупија Дојл од Манчестер Сити
Англискиот играч од средниот ред Томи Дојл, кој оваа сезона е позајмен во Вулверхемптон од Манчестер Сити, ќе остане во редовите на Волвс, откако клуботреши да го откупи неговиот договор.
Дојл сезонава забележа 30 настапи во сите натпреварувања. Со Вулверхемптон потпиша четиригодишен договор. Манчестер Сити од трансферот заработи 4,3 милиони фунти.
Шампионот на Англија ќе заработи 50 отсто од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер, а за веќе договорената цена ќе има можност во иднина да го врати Дојл во своите редови.
Англичанецот игра на позицијата централен играч за врска.
Минатата година го освои Европското првенство за играчи до 21 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ и Ирвинг за брејк на Далас против Минесота
Далас Маверикс ја совлада Минесота Тимбервулвс со 108:105 во првиот натпревар од финалето на Западната конференција.
Лука Дончиќ блескаше во „Таргет центарот“ и со 15 поени во четвртата четвртина беше најзаслужен за победата на тимот.
Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, шест скока и осум асистенции, а имаше и три украдени топки, една блокада и четири загубени топки.
Го следеше одличниот Кајри Ирвинг со 30 поени, пет скока и четири асистенции. Ирвинг 24 поени постигна во првото полувреме.
Кај поразениот тим МекДаниелс постигна 24 поени, Едвардс 19 (6-16), Таунс 16, а Рид 15.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу петок и сабота од 02:30 часот.
Спорт
Депај спогодбено ќе се раздели со Атлетико
Репрезентативецот на Холандија Мемфис Депај по завршувањето на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид. Шпанците тврдат дека тој се договорил со клубот за спогодбен раскин на договорот.
Депај во Атлетико дојде на сличен начин во јануари 2023 година, кога се раздели со Барселона.
Депај е убеден дека со добри настапи на Европското првенство ќе си ја крене цената и дека повторно ќе може да игра во голем клуб.
Тој постигна девет гола и додаде две асистенции на 31 натпревар оваа сезона, но поради честите повреди не беше прва опција во нападот на Диего Симеоне.
Спорт
Мерцедес нема намера да го ангажира Саинц
Карлос Саинц ќе го загуби своето место во Ферари во 2025 година бидејќи тимот од Маранело го ангажираше Луис Хамилтон. Шпанецот нема голем простор за маневар околу тоа каде ќа ја продолжи кариерата.
Медиумите шпекулираа дека токму тој ќе го замени Хамилтон во Мерцедес, но според последните информации овој тим нема намера да го ангажира Карлос Саинц.
„Скај спортс“, дознава дека Мерцедес не размислуваат да го доведат Шпанецот, не затоа што мислат дека е лош возач, туку затоа што не сакаат да избрзуваат со потпишувањето.
Имено, Крег Слејтер, новинар на „Скај спортс“, во Монте Карло дознал дека Мерцедес сака да види какви опции има со Макс Ферстапен. Доколку тоа е далеку од реализација, а лесно би можело да биде така, Мерцедес би го ангажирал младиот Италијанец Кими Антонели, кој во август ќе наполни 18 години.
Ред Бул исто така не е реална опција за Саинц.
„Скај спортс“, дознава дека Саинц е најблиску до потпис за Ауди, кој ќе влезе во Формула 1 во 2026 година. Тогаш Карлос би добил голема плата од новиот конструктор.