Контакт

Спорт

За 5 години Динамо од трансфери на играчи инкасира 175 милиони евра

Објавено пред

Динамо Загреб е клубот кој убедливо најмногу заработува од трансфери на фудбалери во регионот, дури и кога (барем официјално) Здравко Мамиќ не го води клубот.

Последниот во низата трансфери е оној на играчот од среден ред Ловро Мајер во француски Рен за околу 12 милиони евра. Овој трансфер е петти според висината на сумата во историјата на Динамо.

Марко Пјаца замина од Динамо за 23 милиони евра, Лука Модриќ за 22,5, а Дани Олмо за 22 милиони евра. Во топ 5 е и Јошко Гвардиол – 19 милиони евра.

Во клубот од „Максимир“ во последните 5 години се слеале дури 175 милиони евра.

„Најплодна“ беше сезоната 2016/2017 кога клубот заработи дури 41 милион евра – ги продаде Пјаца во Јувентус, Брекало во Волфсбург, Брозовиќ во Интер и уште неколку „ситни“ трансфери.

Следно што се очекува како заминување од загрепскиот клуб е на голманот Домагој Ливаковиќ – репрезентативниот чувар на мрежата. Неговата цена се движи меѓу 15 и 20 милиони евра.

За споредба во Србија, Црвена Звезда и Партизан од продажба на играчи заработија по околу 55 милиони евра.

Спорт

Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ „класика“

Објавено пред

Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на УФЦ 266 по трилер битка во пет рунди со американскиот ривал Брајан Ортега во Лас Вегас, потврдувајќи дека со право е сметан за еден од најдобрите УФЦ фајтери на деешницата.

32-годишниот Австралиец со македонско потекло имаше посилен старт во првите две рунди во „Т-Мобиле арената“, но 30-годишниот Ортега во третата рунда успеа да го собори шампионот со силен удар на левицата, по што се обиде да стигне до предавање. Но, неверојатниот Волкановски успеа да ја избегне „гиљотината“, и најдобриот обид за давење на противникот, пред одлично да ја заврши рундата со удари на подот.

Ортега потоа мораше да добие долга медицинска пауза и преглед од докторите за да се дозволи стартот на четвртата рунда. Американецот потоа повторно на стартот на четвртата рунда успеа да ја однесе акцијата а подот, но Волкановски пак „избега“ и продолжи со ударите. Во последата рунда, двајцата фајтери не се предаваа и останаа на нозе со размена на удари.

На крајот, Волкановски беше јасен победник на поени со 49:46, 50:45, и 50:44 за по трет пат да ја одбрани својата титула.

„Јас сум само нормале човек и сум го кажувал тоа постојано. Тука сум само поради мојата напорна работа. Сите кои се сомневаат, повторно ќе добијат враќање во реалноста. Нека дојдат!“, вели Волкановски, кој има 20 победи во низа, од кои последните 10 во УФЦ федерацијата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Усик е новиот светски првак во тешка категорија

Објавено пред

Александар Усик (34) од Украина е новиот светски првак во тешка категорија. Предизвикувачот, пред 70.000 гледачи на Тотенхем арена, во Лондон, Усик го победи Ентони Џошуа. Украинецот ги освои титулите во верзиите ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ.

Усик, доминираше во најголемиот дел од борбата. До победата дојде со одлука на судиите по 12 рунди.

Ова беше борба на двајца поранешни олимписки шампиони. Во 2021 година, во Лондон, Усик победи во тешка, а Џошуa во супер-тешка категорија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Реално реми на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено пред

Реал Мадрид и Виљареал одиграа натпревар без голови, во рамките од седмото коло коло во Примера. Реал прв пат сезонава не постигна гол, а втор пат ремизираше, додека Виљареал со натпревар помалку, петти пат одигра нерешено.

Гостите од Виљареал, беа подобриот тим на теренот во текот на сите 90.минути. Двете најдобри шанси ги имаа преку Данјума, но неговите удари успеа да ги скроти Куртоа.

Реал најдобрата шанса ја имаше во самиот финиш, кога Иско се обиде, но неговиот удар со глава не го најде патот до голот на Рули.

И покрај ремито, Реал останува лидер во Примера со 17 бодови, Виљареал се деветти со осум бодови. Двата тима се уште немаат пораз.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа24 минути

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија36 минути

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Свет15 часа

(Видео) Хаос на бензинските пумпи во Велика Британија поради недостаток на гориво

Во Велика Британија владее паника поради недостаток на гориво, што создаде големи редици на бензинските пумпи. Полицијата беше приморана да...

Македонија17 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија18 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа19 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион23 часа

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа24 часа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет2 дена

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Досие