Спорт
За Саутгејт теренот бил лош, а пеналот за Македонија сомителен

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Македонија одиграа 1:1 со големиот фаворит Англија за крај на квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2024.
Пре 30.000 глеачи во Скопје, Македонија дојде до водство во 41.минута со голот на Барди, откако Пикфорд го одбрани пеналот, а одбиената топка тој ја смести во голот. Англија изедначи во 59.минута со несреќниот авто-гол на Атанасов.
Англискиот селектор по натпреварот рече дека теренот бил лош и дека не се согласува со одлуката на судијата да досуди пенал за Македонија.
„Беше мошне тешко да се игра на ваков терен, не моижевме. Не сум ни сигурен дека имаше пенал за Македонија. Сепак не сум незадоволен. Рико Луис одигра добро, Оли Воткинс не можеше повеќе на лошиот терен и против пет одбрамбени фудбалери. На овој натпревар шанса добија некои други фудбалери, видов добри работи од екипата. Важное дека сме на вистинскио пат“., рече Саутгејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ, би сакал да можам да бидам како него“

Најдобриот снукер играч на сите времиња – Рони О’Саливен со моќна изјава му оддаде почит на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Рони го сака тенисот, а бидејќи легендата на снукерот Џими Вајт ја спореди неговата игра со Роџер Федерер, Рони мораше да реагира.
„Федерер, Надал, Ѓоковиќ – отсекогаш сум сакал да ги гледам. Тие се тројца од најдобрите на сите времиња. За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ. Без разлика дали сте фудбалер, играч на голф или хокеј, сите се угледуваат на Ѓоковиќ. Посакувам да можам на маса да го правам тоа што го прави Ѓоковиќ на теренот“, изјави О’Саливен.
Славниот Рони седум пати беше светски шампион, освојуваше турнири, но имаше и свои пороци и падови.
Победата на Светското првенство во 2020 година му ја посвети на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„За да ја освојам оваа титула морам да бидам како Новак Ѓоковиќ. Тој е ужасно доследен, прави се многу добро и не ви дава ништо. Тој не е најграциозниот тенисер, го нема тој сјај на Роџер Федерер или оној форхенд на Рафаел Надал… Но, сè е таму од почеток до крај и неговата форма не паѓа многу. Тој секогаш игра на високо ниво. Си реков дека за да победиш овде во Шефилд треба да ја имаш таа сила и стабилност“, објасни О’Саливен во 2020 година.
Спорт
Два гола на ветеранот Стуани за нова победа на Џирона

Фудбалерите на Џирона стигнаа до 12. победа во Ла Лига, откако со пресврт беа подобри од Валенсија со резултат 2:1 (0:0).
Џирона се намали прптив борбената Валенсија, а бодовите и ги обезбеди ветарнот Кристијан Стуани.
Уго Дуро во 56.минута ги казни промашувањата на Џирона и донесе предност за Валенсија.
Ви финишот блесна ветеранот Стуани. Уругваецот со головите во 83. и 85.минута направи целосен пресврт.
Со овој триумф Џирона се врати на челната позиција. Реал својот меч од оваа рунда ќе го започне во 18.30 часот.
Џирона во следното коло ќе ја пречека Барселона.
Спорт
Тодибо: На тренинзите не смеевме да го допреме Меси

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жан Клер Тодибо, откри какво правило важело клупските тренинзи во ерата на Лионел Меси.
„Не ни дозволуваа да го допреме Меси на тренинг. Звучи лудо, но тоа е вистина. Моравме да бидеме внимателни. Но, тоа е нормално, тој е најдобар и не сакаа да се повреди“, изјави Тодибо за „Марка“.
Францускиот репрезентативец беше член на Барселона од 2019 до 2021 година, откако пристигна од Тулуз како 19-годишен талент, но главно беше на позајмица, а по последната во Ница тој француски клуб го откупи неговиот договор за 8,5 милиони евра. Тодибо овој септември дебитираше за француската репрезентација.
Со одличната форма во Ница, тој го привлече вниманието на Тотенхем и Манчестер јунајтед.Ноца за него бара 40 милиони евра.