Спорт
За синот на Шевченко „се тепаат“ четири репрезентации

Кристијан Шевченко е едно од четирите деца на прославениот украински фудбалер, Андреј Шевченко и неговата сопруга, познатата манекенка Кристен Пазик.
Кристијан е роден во 2006 година, само еден ден по постигнувањето на голот на „Шева“ против Вотфорд кога неговите соиграчи од Челси со традиционалното „лулање бебе“ го прославија неговиот погодок.
Младиот фудбалер кој тргна по стапките на татко си, игра за младиот состав на Челси, а стручњаците велат дека ќе биде ист како татко му.
Интересно е тоа што дури четири фудбалски селекции се „борат“ Кристијан Шевченко да настапува токму во нивниот дрес.
Украина, поради потеклото на Андреј, Полска и САД затоа што неговата мајка има полско-американско потекло и Англија, затоа што младиот фудбалер е роден и живее таму и токму таму ги направил првите фудбалски чекори.
„Се уште не сме разговарале за тоа, рано е, ќе одлучиме заедно, но неговата ќе е последна“ – изјавил Андриј Шевченко за второто од неговите четири деца.
Првиот син Џордан, чиј кум е Силвио Берлускони има 15 години, а останатите двајца се Александер и Габриел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ерик Сполстра нов селектор на Дрим тимот

Тренерот на Мајами Хит, 54-годишниот Ерик Сполстра, е именуван за селектор на машката кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави, објави НБА во средата. Сполстра ќе го предводи Дрим тимот на САД на Светското првенство во Катар во 2027 година и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Сполстра беше избран од директорот на кошаркарската репрезентација на САД, Грант Хил, а одобрен од Одборот на директори на кошаркарската репрезентација на САД.
Неговиот избор мора формално да биде ратификуван од Олимпискиот и параолимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави (USOPC).
„Ова е неверојатна чест. Претставувањето на нашата земја и водењето на светски познати спортисти на престижни натпревари е една од најголемите привилегии во спортот. Со нетрпение очекувам да ја продолжам традицијата на извонредност и тимска работа што ја карактеризира американската кошарка“, рече Споелстра при назначувањето.
Американската кошаркарска репрезентација освои 17 златни олимписки медали, вклучувајќи пет последователни (2008-2024) и пет светски титули, последниот пат во 2014 година.
Сполстра беше помошник тренер на американската репрезентација на минатогодишните Олимписки игри во Париз и помошник на Стив Кер во американската репрезентација на Светското првенство во 2023 година, кога заврши на четвртото место.
Следната недела, Сполстра ќе ја започне својата 18-та сезона како главен тренер на Хит, што го прави тренер со најдолг стаж во НБА со еден тим. Тој ги предводеше Хит до титули во НБА во 2012 и 2013 година.
Спорт
(Видео) Аргентина го декласира Порторико – Меси сруши уште еден рекорд

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, сруши уште еден рекорд. Со две асистенции во убедливата победа од 6:0 против Порторико, тој стана најдобар асистент во историјата на репрезентативниот фудбал.
Со вкупно 60 асистенции, тој ги престигна претходните рекордери, Бразилецот Нејмар и легендарниот американски репрезентативец Лендон Донован, кои имаа по 58.
На Меси му недостигаат уште две асистенции, за да дојде до бројката од 400 во својата професионална кариера.
Иако не постигна гол против Порторико во Мајами, 38-годишниот капитен на Аргентина најде нов начин да влезе во фудбалските алманаси.
Во победата на стадионот „Чејс“, Меси им асистираше на Алексис Мекалистер и Лаутаро Мартинез. Овие двајца постигнаа по два гола, а победата ја заокружија Гонзало Монтиел и Стивен Ечеварија со авто-гол.
Тука може да ги погледнете головите.
Спорт
Македонија во баражот за СП ќе биде во третиот или четвртиот „шешир“

Англија прва од европската квалификациска зона обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 национални тимови. Ситемот е таков што директен пласман обезбедуваат 12-те победници на групите.
Останатите четири селекции од Европа ќе бидат победниците на мини-квалификациските турнири (четири екипи ќе учествуваат на секој).
12 второпласирани од квалификациите и четири победници на групите во Лигата на нации, кои нема да изборат директен пласман на Светското првенство или нема да завршат на второто место во групите, ќе играат во плејофот.
Репрезентациите кои беа победници, без оглед на тоа дали играа во Лигата на нации А, Б, Ц или Д, имаат приоритет.
Во овој момент, четирите репрезентации кои би играле во плејофот се Шведска, Македонија, Северна Ирска и Молдавија. И тие би биле во четвртиот шешир на ждрепката.
Останатите три шешири ќе бидат направени според ранг-листата на ФИФА во ноември, кога ќе завршат квалификациите.
Каква е ситуацијата во овој момент?
Италија, Турција, Украина и Полска би биле во првата „група“, Велс, Унгарија, Шкотска и Чешка во втората, а Словачка, Романија, Албанија и Косово во третата.
Инаку, доколку Македонија го освои второто место во групата, тогаш на ждрепката за баражот ќе биде во третиот „шешир“.
Ќе се игра само еден натпревар, домаќините во полуфиналето ќе бидат избрани од подобрите шешири, а екипите од првиот шешир ќе се сретнат против екипите од четвртиот шешир, а екипите од вториот ќе се сретнат со оние од третиот. Домаќинот на финалето ќе биде одреден со ждрепка.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
📊 Current FIFA points for teams expected in WC playoffs (as of 14 Oct):
Pot 1: 🇮🇹 1717, 🇹🇷 1570, 🇺🇦 1555, 🇵🇱 1524
Pot 2: 🏴 1519, 🇭🇺 1505, 🏴 1504, 🇨🇿 1485
Pot 3: 🇸🇰 1483, 🇷🇴 1480, 🇦🇱 1401, 🇽🇰 1285
Pot 4: 🇸🇪 🇲🇰 NIR 🇲🇩 (UNL entrants)▪️🇭🇺 with very valuable +6.2 pts. They now…
— Football Meets Data (@fmeetsdata) October 14, 2025