Спорт
Зион Вилијамсон во договорот има клаузула поради која не смее да се здебели!

Новиот максимален договор на Зион Вилијамсон со Њу Орлеанс пеликанс доаѓа со неверојатна клаузула со која газдите се надеваат дека ќе спречат тој да се здебели. Вилијамсон потпиша петгодишен договор вреден 193 милиони долари на својот 22. роденден овој месец, а сумата може да скокне на 231 милиони долари со дополнителните бонуси.
Според американските медиуми, Вилијамсон ќе мора да ја задржи својата тежина (во фунти) и процент на масти во телото под 295. Тимот го има пријавено кошаркарот на 284 фунти (128.8 килограми), што значи дека тој ќе треба да има процент на масти во телото под 11 за да ги исполнува условите од договорот. Но, „ЕСПН“ во декември објави дека Виијамсон има дури 330 фунти (149.9 килограми) кога ја почна рехабилитацијата по операцијата на стапалото во 2011, поради кој ја пропушти сезоната 2021/22.
Одржувањето на тежината се покажа како најголем проблем во кратката кариера на Вилијамсон, кој има одиграно само 85 НБА-мечеви поради низата повреди.
Zion Williamson’s new contract extension will require his weight and body fat percentage to add up to less than 295, per @cclark_13
Failure to meet this could reduce his guaranteed money. pic.twitter.com/vjCaqNQ33t
— Bleacher Report (@BleacherReport) July 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо помина со полициско предупредување за инцидентот со аутистичното момче

Полицијата на Мерсисајд му издаде предупредување на Кристијано Роналдо, откако во април по поразот од 1:0 од Евертон при излегувањето од стадионот „Гудисон парк“ му го скрши телефонот на еден млад навивач на „карамелите“, за кој подоцна се откри дека има аутизам.
Тој и неговите соиграчи излегуваа од стадионот кога Португалецот луто реагираше на снимањето на 14-годишниот Џејкоб Хардинг, избивајќи му го телефонот од раце. Тој подоцна се извини за инцидентот и доброволно се пријави кај полицијата.
Роналдо дури го покани момчето и неговата мајка на било кој натпревар на Манчестер јунајтед, но ова беше одбиено.
Cristiano Ronaldo was accused of smashing a supporter’s phone after Manchester United’s defeat to Everton ????
???? @evertonhub pic.twitter.com/OkS0mweTTC
— GOAL (@goal) April 9, 2022
Спорт
Стоичков: Чувствувам вина што го не го заштитив Марадона од мршојадците

И покрај тоа што никогаш не заигра покрај него во Барселона, бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков имаше одлични односи со Диего Марадонаа и вели дека се чувствува виновен што не го заштитил од „мршојадците“ пред неговата смрт во 2020 на само 60 години.
Стоичков во интервју за „ЕСПН“ објаснува дека имал постојан контакт со Аргентинецот до 2016 година, по што никако не можел да го добие ниту н телефон.
„Ги имав сите негови телефонски броеви, но последен пат зборував со него на 2 или 3 февруари 2016. На 8 февруари ми се јави да ми го честита роденденот, и оттогаш не можев да го добијам. Секогаш спиеше, одмараше, беше на прошетка. Мислам дека не ми дозволуваа да зборувам со него. Кога си затворен на едно место и не можеш да зборуваш, што можеш да направиш? Се чувствувам виновен што не го одвоив од мршојааддците. Што не инсистирав повеќе поради нашето пријателство. Го гледав како страда многу, нека почива во мир“, вели Стоичков.
Спорт
Осум месеци по „драмата“ со Ѓоковиќ, Австралија посака добредојде на невакциниран американски пливач

Американскиот пливач, Мајкл Ендру ќе се натпреварува за својата земја во „Дуелот во базенот“, пливачката атракција против Австралија во Сиднеј оваа недела, откако ова земја ги „опушти“ правилата за влез на невакцинирани луѓе, неполни осум месеци откако Новак Ѓоковиќ помина една недела во камп за нелегални имигранти и беше депортиран поради истата причина.
23-годишниот Ендру минатата година невакциниран пливаше на Олимпијадата во Токио, по што беше критикуван од медиумите во САД за неговиот став.
„Не сакам да ставам во моето тело нешто што потенцијално би ми пречело. Како спортист на елитно ниво, сите работи кои ги правиме се пресметни. Не сакав да ризикувам“, се правдаше тогаш Ендру.
Во јули, Австралија го отстрани барањето за вакцинирање против КОВИД за влез во земјата. Ѓоковиќ во јануари пристигна во Австралија со медицинско оправдување за невакцинираност, но беше сопрен на аеродромот во Мелбурн и пратен во имиграциски центар додека преку суд се обидуваше да ја добие правдата. Наа крајот, тој беше депортиран од земјата. 35-годишниот Ѓоковиќ оттогаш играше на Ролан Гарос и на Вимблдон (каде што победи), но уште не е сигурно дали ќе му биде дозволен влез во САД за настап на САД опен во Њујорк, исто така поради вакцината.