Спорт
Под знак прашалник трката за ГН на Мексико
Неизвесно е дали во иднина ќе се вози трката за Големата награда на Мексико, откако на власт во оваа земја дојде Андрес Мануел Лопес Обрадор. Според медиумите, новиот шеф на државата, подготвувал радикални планови за економијата и политиката, што би мо…
Неизвесно е дали во иднина ќе се вози трката за Големата награда на Мексико откако на власт во оваа земја дојде Андрес Мануел Лопес Обрадор. Според медиумите, новиот шеф на државата подготвувал радикални планови за економијата и политиката, што би можело да има големо влијание во одржувањето на трката.
Обрадор објавил дека ќе ги продаде луксузните недвижнини, дека ќе го откаже претседателскиот авион и дека за посетители ќе ги отвори портите на луксузната резиденција.
Големата награда на Мексико во календарот се врти во 2015 година, откако претходно во оваа земја 23 години не се возеше Формула 1. Актуелниот договор важи до 2019 година, кога според календарот трката треба да се вози на 27 октомври.
Ана Габриела Гевара (41) од Националната спортска комисија на Мексико објаснила дека во 2015 година трката била обновена благодарение на големата корумпираност.
„Корупцијата овозможи трката да се врати во Мексико. Многу луѓе примија поткуп само за да биде одобрено трката повторно да се вози на автодромот ‘Ерманос Родригез’“, рекла поранешната успешна спортистка.
„Мораме да најдеме начин да излеземе од оваа ситуација. Ние сигурно нема да ги трошиме парите на даночните обврзници за да го поддржиме мексиканското гран-при. Во Мексико се случуваат лоши работи, голем број луѓе живеат под границата на сиромаштијата“, рекла олимписката вицешампионка и светска првенка на 400 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.