Свет
Алиев не исклучува културна автономија за Нагорно-Карабах
Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, не ја исклучува можноста за давање културна автономија на Нагорно-Карабах.
„Постојат многу видови самоопределување, постојат разни видови заедници“, рече Алиев додавајќи дека постои културна автономија, што може да се види во примерот на развиените европски земји, каде што луѓето имаат одредени права во рамките на нивните општини во рамките на нивните заедници.
„Како и на секое место во Азербејџан, и Ерменците што живеат во нашата земја исто така може да имаат такви контакти“, рече азербејџанскиот претседател во интервју за јапонската медиумска група „Никеи“, што беше прикажано денес на азербејџанскиот државен канал „Аз ТВ“.
Алиев додаде дека Баку никогаш нема да дозволи создавање друга ерменска држава на територијата на Азербејџан.
Тој исто така рече дека Азербејџан никогаш нема да се согласи да одржи референдум за самоопределување на Нагорно-Карабах.
„Нема да има референдум во Нагорно-Карабах. Никогаш нема да се согласиме на тоа. Ние не се согласивме за време на преговорите и сега кога ги вративме повеќето територии, тоа не доаѓа предвид“, рече Алиев.
Тој посочи дека правото на самоопределување е важен фактор на меѓународното право, но дека не треба да го нарушува територијалниот интегритет на Азербејџан.
„Ерменците веќе постигнаа самоопределување. Тие имаат независна ерменска држава“, истакна Алијев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Активистите го обвинија папата Франциско дека не направил доволно за да се искорени сексуалното насилство
Папата Франциско не направи доволно за да се искорени сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и прикривањето на овие злосторства, изјавија активисти и жртви на митингот во Рим.
Римокатоличката црква долго време се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба, а овој протест беше организиран пред утрешниот фестивал на Светскиот ден на детето во Ватикан, пренесува Ројтерс.
„Сакаме да ги заштитиме младите луѓе кои присуствуваат на фестивалот“, изјавија дел од организаторите.
Свет
Русите денеска 15 пати го нападнаа Харков, убиени 6 лица
Гувернерот на областа Харков во Украина, Олег Синегубов соопшти дека во напад на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.
Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм како што пренесува Униан, Харков денеска бил цел на 15 пати.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.
Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.