Свет
Важен договор меѓу САД и Русија

Русија и САД разговараат за одржување разговори за стратешко нуклеарно оружје за првпат откако Москва испрати војници во Украина, објави рускиот весник „Комерсант“, а информацијата подоцна ја потврди и Стејт департментот.
Разговорите за стратешка стабилност меѓу двете страни се замрзнати откако Русија ја почна својата воена кампања во Украина на 24 февруари, иако новиот договор за намалување на нуклеарното оружје останува во сила.
Разговорите би можеле да се одржат на Блискиот Исток, пишува весникот, додавајќи дека Москва повеќе не ја гледа Швајцарија, традиционалното место на одржување, како доволно неутрална откако воведе санкции кон Русија поради Украина.
„Се договоривме билатералната комисија да се состане во блиска иднина како дел од договорот за нов почеток“, изјави портпаролот Нед Прајс за новинарите, додавајќи дека работата на комисијата е доверлива, но дека Американците се надеваат на конструктивен разговор.
„Важно е да продолжиме да разговараме со Русите за намалување на ризикот и покрај војната во Украина“.
Договорот за „Новиот почеток“ е последниот билатерален договор меѓу двете светски сили, но Русија на почетокот на август објави дека ги откажува американските инспекции на руските воени локации.
Според договорот, кој беше потпишан во 2010 година, Москва и Вашингтон имаа право да извршат околу 20 меѓусебни инспекции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно поскоро да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки, предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ја автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави Ројтерс.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави Си-би-ес повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца смртно, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизира бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на медицинската болница „Нортвестерн“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколкумина повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментна здравствена состојба.
Европа
Анкета: Германците сакаат да го укинат пиењето под надзор кај тинејџерите

Мнозинството Германци сакаат построги закони за заштита на младите од алкохол, вклучително и елиминација на контролирано пиење, што им овозможува на 14-годишниците да нарачаат пиво во бар ако се во придружба на законски старател, покажува анкета објавена денес.
Резултатите од анкетата на „Форса“, нарачана од компанијата за здравствено осигурување Kaufmännische Krankenkasse (KKH), покажуваат дека 65 проценти од Германците ја поддржуваат забраната за контролирано пиење алкохол од страна на малолетници. Според сегашниот закон, на тинејџерите им е дозволено да купуваат и да пијат пиво, вино и пијалаци на база на вино на јавно место ако се во придружба на старател.
Тесно мнозинство од 52 процента од испитаниците исто така сакаат да се зголеми законската возраст за купување и пиење алкохол од 16 на 18 години. Анкетата, спроведена во јуни, опфати 1.004 испитаници од цела Германија на возраст меѓу 18 и 70 години.
Забраната за контролирано пиење ја застапуваат и покраинските министри за здравство, а ја поддржува и федералната министерка за здравство, Нина Варкен. Алкохолот е значаен проблем за децата и за тинејџерите, изјави Катарина Шенк, министерка за здравство во источногерманската покраина Тирингија и претседателка на Конференцијата на министрите за здравство.
Медицинските здруженија долго време апелираат до креаторите на здравствените политики да вложат поголеми напори за намалување на потрошувачката на алкохол во Германија. Германското здружение за исхрана препорачува целосна апстиненција од алкохолни пијалаци наведувајќи дека „не постои безбедно ниво на потрошувачка“.
„Колку порано младите луѓе почнуваат да пијат, толку се поголеми здравствените ризици“, вели психологот на KKH, Франциска Клем.
Покрај краткорочните последици, како што се несреќи, повреди и насилство, алкохолот го зголемува и ризикот од рак, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб. Алкохолот е особено штетен за адолесцентите бидејќи нивните тела сè уште се во развој и затоа се почувствителни на неговите токсични ефекти, објавува агенцијата ДПА.