Свет
(Видео) „Заспа додека цел свет го гледаше“ – Трамп го исмеa Бајден што задремал на самитот

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го исмеа актуелниот претседател Џо Бајден (78) затоа што во понеделникот кратко задремал пред неговиот говор на самитот за климатските промени во Глазгов.
„Дури и Бајден не можеше да поднесе да слуша за измамата со глобалното затоплување, седмата најголема измама во Америка“, се пошегувал Трамп кога ги видел фотографиите на кои Бајден задремал.
US President Joe Biden appears to doze off while waiting to give a speech at #COP26.
Read more here: https://t.co/CnFFIZpSxB pic.twitter.com/OlSlOXmvOi
— Sky News (@SkyNews) November 1, 2021
„Го следат измамите што ги направи на претседателските избори во 2020 година, Русија и Украина. Бајден отиде во Европа велејќи дека глобалното затоплување му е приоритет, а потоа заспа, додека целиот свет го гледаше, на самата конференција. Некој што навистина верува во некоја тема нема да заспие“, додаде Трамп.
Медиумите потсетуваат дека Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени. На видеото, објавено од новинар на „Вашингтон пост“, како што анализираат, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме по што му приоѓа помошник, кој го буди. Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудира на говорникот што ја заврши својата презентација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Проблем на летот Сплит-Рим: Авионот полетал, па веднаш се вратил, меѓу патниците бил и министерот

Авионот на хрватската компанија „Кроација ерлајнс“ на релација Сплит-Рим со 158 патници синоќа беше вратен на пистата веднаш по полетувањето, пренесуваат медиумите во регионот.
Меѓу патниците бил и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Патниците се симнати, а летот доцнел околу три часа поради сомневање за технички дефект, објавија хрватските медиуми.
„Не е прв пат да се случуваат технички неисправности во авионите“, изјави Божиновиќ за ТВ Нова.
Божиновиќ денеска во Рим има средба со својот италијански колега, а тема на нивниот разговор е миграцијата која ја оцени како „тема број еден“.
Свет
Патрушев: Земјите од НАТО се страна во конфликтот во Украина

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, смета дека земјите од НАТО се страна во конфликтот во Украина.
Земјите на НАТО ја направија Украина еден голем воен камп, не криејќи ја својата главна цел – да ја поразат Русија на бојното поле, а потоа да ја распарчат – рече Патрушев во интервју за руска „Газета“.
„ Тие (земјите од НАТО) испраќаат оружје и муниција на украинските војници, им обезбедуваат разузнавачки информации, вклучително и помош од сателити и значителен број беспилотни летала – рече Патрушев, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека инструктори и советници на НАТО ја обучуваат украинската армија, додека, како што рече, „платеници се борат како дел од неонацистичките баталјони“.
Патрушев рече и дека Соединетите Американски Држави одамна станале шампиони по бројот на започнати војни во различни делови на светот и нарушување на суверенитетот на другите земји.
Европа
Сообраќаен колапс во Германија-Поради генералниот штрајк, возовите, автобусите и авионите не сообраќаат

Генералниот еднодневен штрајк во транспортниот сектор во Германија, целосно го парализираше железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај.
Штрајкуваат членовите на синдикатот на вработените во јавниот сектор „Верди“ и синдикатот на железничарите. Штрајкот го зафати целиот меѓуградски железнички сообраќај, речиси целиот градски сообраќај и повеќето аеродроми. Штрајкот го опфаќа и водениот сообраќај во Германија и автопатиштата.
Синдикатите бараат повисоки плати, особено изедначување на негативниот ефект на инфлацијата врз реалните плати. Синдикатот „Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за своите 2,5 милиони вработени.
И покрај штрајкот, нема затворање на тунелите на автопатиштата, пренесува германски „Билд“.
„Работата на тунелите на автопатиштата е загарантирана во понеделник. Синдикатот склучи договор за итни услуги со работодавачот „Autobahn GmbH“ во текот на викендот“, рече Пол Шмит, раководител на регионалниот оддел на синдикатот.
Аеродромот во Франкфурт е затворен.
Во текот на денот ширум Германија ќе се одржат повеќе од 50 протестни собири. Според синдикатот на железницата „ЕВГ“, повеќе од 30.000 вработени на околу 350 локации низ Германија штрајкувале во раните утрински часови.
„Германија стои во место бидејќи работодавците го отфрлаат договорот“, рече членот на колективниот одбор за договарање на „ЕВГ“, Кристијан Лорох.