Свет
(Видео) Масовни протести во неколку арапски земји поради болницата во Газа
Во неколку арапски земји избија масовни протести за поддршка на Палестинците и осуда на израелските напади врз Појасот Газа.
Разгневени од израелските воздушни напади и наводното смртоносно бомбардирање на болница во Појасот Газа, што Израел го негира, демонстрантите се собраа втор ден по ред.
Според Министерството за здравство на Газа, стотици луѓе загинале во израелски напад врз болницата Ал Ахли во вторникот. Израел тврди дека експлозијата била предизвикана од ракета на Исламски џихад и понуди докази за тоа.
Во Тунис околу 17.000 луѓе се собраа околу француската амбасада и побараа заминување на амбасадорот поради „пристрасноста“ на Франција кон Израел.
🚨BREAKING: Thousands protest at Tunis French Embassy after Israel’s hospital bombing in Gaza, killing over 600 people. #Tunisia pic.twitter.com/TBvKwT687c
— Carthage Magazine (@CarthageMagTN) October 18, 2023
Демонстрации се одржаа и пред американската амбасада.
Десетици илјади Јорданци покажаа поддршка за Газа пред израелската амбасада во Аман и побараа протерување на амбасадорот на „ционистичкиот ентитет“.
☄️ Situation in Jordan Right Now pic.twitter.com/6GksyoXaUj
— Angelo Giuliano (@Angelo4justice3) October 17, 2023
„Луѓето сакаат слободна Палестина“, извикуваа демонстрантите во друг дел од градот, според снимките на социјалните мрежи.
Во Египет се одржаа протести во неколку градови, што е редок настан во оваа земја каде владата со години задушува какви било демонстрации.
Поголеми собири беа организирани и во главниот град на Јемен, во Бејрут и во Дамаск, а во Манама, во Бахреин, кој ги нормализираше односите со Израел во 2020 година, се собраа помал број луѓе кои бараа нивната земја да ги прекине врските со Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
70-годишен маж застрелал девојче: му пречела вревата во дворот во Германија
Мајката Алиса Карина не можела да насети дека нејзиното дете од дворот ќе и се врати со рана на десната рака, бидејќи со однесувањето наводно ја налутило соседот Карл Хајнц М.(70) од Германија, па ја застрелал со воздушна пушка.
„Ќерка ми Мајли дојде од соседното игралиште викајќи: „Мојата рака, мојата рака!“, а потоа и видов дупка на надлактицата“, вели Алиса.
Остар проектил од воздушна пушка завршил длабоко во десната рака на Мајла, поради што имала комплицирана лекарска интервенција.
Соседот Карл-Хајнц М. (70) во вторникот се појавил пред судот во Бад Сегеберг каде рекол дека „пукал во врапче“.
„Не пукам во деца кои си играат. Имав проблем со врапче“, објаснил соседот во судот.
Порано се обидувал да ги исплаши птиците со петарди. Полицијата му запленила воздушна пушка и муниција, пренесува „Билд“.
Мајли е тешко болно девојче на кое му е дијагностициран тумор на мозокот и боледува од неизлечива болест неврофиброматоза, која предизвикува болни израстоци да се појавуваат како промени во нервното ткиво.
„Би сакал да ви се извинам за мојата глупост“, рекол соседот Карл и се согласил на итна исплата на отштета од 7.500 евра за девојчето, а судот го осудил на 16 месеци условна затворска казна, пренесува „Телеграф“.
Регион
Русија: Резолуцијата за Сребреница е опасна за мировниот процес во Босна и Херцеговина
Високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит го поздрави усвојувањето на резолуцијата со која Генералното собрание на ОН го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница, додека руската амбасада во Сараево рече дека тоа е „пораз за Босна и Херцеговина“, бидејќи тоа би го комплицирало процесот на помирување.
„Од најголема важност е општеството да ги отфрли сите обиди за минимизирање на сериозноста на геноцидот во Сребреница. Резолуцијата мора да послужи како катализатор за лекување и разбирање, наместо да биде искористена за тесни политички цели. Тоа не е чин насочен против српскиот народ или Република Српска. Секој обид оваа резолуција да се стави во таков контекст е погрешен и злонамерен“, рече Шмит.
Амбасадата на Русија во Сараево со коментар во кој тврдат дека е опасно за мировниот процес во БиХ, но и за стабилноста на регионот, пренесуваат регионалните медиуми.
Тие го обвинуваат Западот дека ја „турка“ резолуцијата на ист начин на кој, според нив, Шмит е незаконски назначен за висок претставник во Босна и Херцеговина, што, како што тврдат, дополнително ги продлабочило поделбите во меѓународната заедница.
Свет
Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах
Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во Рафах во Појасот Газа, наведувајќи го „непосредниот ризик“ за палестинскиот народ, јавува Би-Би-Си.
Барањето на Јужна Африка да му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафах и да се повлече од Газа, дел од поширокиот случај во кој Израел се обвинува за геноцид, беше потврдено од Хашкиот трибунал.
Судијата Салам ја образложи одлуката со фактот дека моменталната ситуација во Газа повлекува значителни ризици од непоправлива штета на човековите права. Тој рече дека ситуацијата е променета откако судот ги издал претходните наредби и дека се исполнети условите за нови итни мерки за овој случај.
Судот му нареди на Израел да сведочи пред судот во рок од еден месец.
Медиумот потсетува, иако пресудите на МСП се правно обврзувачки, во пракса судот не може да ги спроведе.