Свет
(Видео) Полицијата го уапси возачот што прегази група луѓе во Германија

Камерите го снимиле моментот кога полицијата го апсеше возачот на автомобилот што влета на пешачката зона во германскиот град Трир убивајќи најмалку четири лица и повредувајќи уште неколку други.
На видеото се гледа како тројца полицајци му ставаат лисици на осомничениот, а може да се види и темносивиот „ренџ ровер“, со кој луѓето беа покосени на улицата.
WATCH police arrest driver who plowed through pedestrians in central Trier, Germanyhttps://t.co/4j1SzvshUj pic.twitter.com/lRntqhbVV1
— RT (@RT_com) December 1, 2020
Осомничениот возеше со голема брзина на пешачката зона во центарот на Трир.
Најмалку 4 лица загинаа, а 15 други беа повредени во инцидентот, изјави Волфрам Леибе, градоначалникот на Трир, за локалните медиуми.
BREAKING: Car hits several people in pedestrian zone in Trier, Germany. Police asking people to avoid the area.#Trier #Germanyhttps://t.co/nOSAM9pyCc
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) December 1, 2020
Полицијата го опколи центарот на градот додека ги истражува околностите и можниот мотив на возачот.
Осомничениот е 51-годишен жител на областа Трир-Сарбург, објави полицијата на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спречила два напада од Хутите

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти денеска дека спречила два напада од Хутите, објави Саудиската државна телевизија на „Твитер“. Коалицијата уништила брод полн со експлозиви во јужното Црвено Море и беспилотно летало со експлозив наменето за Саудиска Арабија.
Коалицијата на арапски држави предводена од Саудиска Арабија влезе во судирот меѓу владата на Јемен и Хутите, вооружените политички опозициски сили, на страната на властите на земјата во 2015 година откако Хутите остварија значителен напредок на почетокот на судирите.
Оттогаш коалицијата спроведуваше воздушни, копнени и поморски операции против милитантите кои ја контролираат Сана и големи области во северен и западен Јемен.
Во последниве неколку месеци, границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен, која е опфатена со граѓанска војна од 2014 година, беше жариште на повеќе напади со ракети, беспилотни летала и експлозиви пријавени од Ријад како провокации на Хутите.
Последниот инцидент, во кој беше пресретнат дрон насочен кон Ријад, се случи на 4 декември.
Свет
Случај Реџени: Обвинителството во Рим бара судење на египетските офицери

Јавниот обвинител во Рим официјално побара правна постапка против четворица офицери на египетската Агенција за национална безбедност обвинети за убиството на италијанскиот студент Џулио Реџени во Каиро во 2016 година.
Италијанските новински агенции ја цитираат Канцеларијата на јавното обвинителство која вели дека четворицата офицери, генерал-мајор Тарик Сабер, полковник Азер Камел Мухамед Ибрахим, полковникот Хусам Хелми и мајорот Ибрахим Абдел ал-Шариф, се обвинети за киднапирање, заговор за извршување убиство и нанесување тешка телесна повреда .
Неидентификувани напаѓачи го киднапираа италијанскиот студент Џулио Реџени, кој во тоа време имал 28 години, во јануари 2016 година. Регени бил во Египет да ги истражува синдикатите, кои локалните власти ги сметаат за политички чувствителна тема. Неколку дена подоцна, телото на Реџени беше пронајдено осакатено и со знаци на тортура, во едно предградие на Каиро.
Италијанските истражители ги обвинија египетските разузнавачки служби за „измачување на Реџени со денови со палење на делови од неговото тело и удирање клоци и тупаници, покрај тоа што користеле ладно оружје и палки пред да го убијат. Сепак, Каиро ги отфрла овие обвинувања.
Италијанските власти во 2018 година идентификуваа петмина осомничени кои работеле за египетската Служба за разузнавање. Италијанското јавно обвинителство ги отфрли обвиненијата против еден од осомничените, заклучувајќи дека жртвата починала поради респираторна слабост предизвикана од ударите што му биле нанесени.
Ако судијата во претходна постапка се согласи да го почне судењето, тоа ќе се одржи во отсуство поради одбивањето на египетските власти да ги екстрадираат осомничените.
На 31 декември, италијанската влада информираше дека одлуката на египетското јавно обвинителство да ги отфрли обвиненијата против осомничените агенти на Националната безбедност е неприфатлива.
Случајот предизвика тензија меѓу Каиро и Рим бидејќи Италија ги обвинува египетските власти дека одбиваат соработка, па дури и дека ги довеле во заблуда италијанските истражители. Сепак, Египет купи две фрегати од Италија во вредност од 1,2 милијарди евра во јуни минатата година, во знак на закрепнување на билатералните односи меѓу двете земји.
Регион
Грција ја погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала го стресе грчкиот остров Касос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.
Епицентарот на земјотресот бил во морето на 49 километри северозападно од Касос во Егејското Море и 357 југоисточно од Атина.
Засега нема податоци за човечки жртви или материјална штета.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот