Свет
(Видео) Taткото на киднапираната Израелка: „Таа е толку исплашена, а јас не можам да ја заштитам“
Израелскиот Канал 12 објави видео од таткото на Израелката Ноа Аргамани, која вчера беше киднапирана од припадниците на Хамас.
Светот го заобиколи видеото на кое милитантите ја качуваат на мотор додека таа плаче и вика: „Не ме убивај, не, не, не“.
Напаѓачот управувајќи го мотоциклот потоа излетува со брзина, а Ноа од тој момент повеќе не е видена.
#NoaArgamani 25, was kidnapped by Hamas terrorists while at a trance music rave near the Gaza border. Noa Argamani can be seen screaming for her life as Hamas terrorists cart her away on a motorcycle. Noa Argamani was attending the 👇 #Israel #IsraelUnderAttack #Palestine 1/2 pic.twitter.com/MJpldGUe7d
— Shailesh Gajula (@shailesh_gajula) October 8, 2023
Нејзиниот татко низ солзи зборува за својата ќерка.
„Ми кажаа дека е објавено видео на кое се гледа. Таа е на мотор, а ми рекоа дека ја киднапирале и ја однеле во Газа“, рече тој.
Тој вели дека се надевал оти е грешка, се додека не му пришол човек од болницата и го прашал дали сака да го види видеото.
„Се согласив, а сега знам. Мора да е Ноа, таа е преплашена. Толку исплашена, и секогаш се грижев за неа. Но, сега не можев да ја заштитам“, раскажува расплаканиот татко.
אביה של נועה מסרטון החטיפה לעזה בוכה בשידור ומתחנן שיחזירו אותה ואת האחרים. פשוט נשבר הלב, איך אפשר להמשיך מפה@N12News pic.twitter.com/Jkl0gPV8fB
— Lila Odin (@LOdinaev) October 8, 2023
Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и нејзиното момче Ави уживаа на музички фестивал во пустината кога беа нападнати од членови на Хамас.
Десетици други Израелци, наводно, биле киднапирани на истата локација и однесени преку границата во Појасот Газа.
По нападот на Хамас и убиството и киднапирањето на израелски војници и цивили, армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

