Свет
Експлозијата во Бејрут остави 300.000 луѓе без покрив над главата
Огромната експлозија во пристаништетто во Бејрут испрати шок-бранови низ градот предизвикувајќи масовно оштетување на градбите дури до периферијата на градот. Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, изјави дека најмалку 300.000 луѓе ги изгубиле своите домови и властите работат на обезбедување храна, вода и засолниште за нив, пренесува „Ал џезира“.
Либанскиот претседател, Мишел Аун, во средата свика итен состанок на кабинетот и рече дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба по масовната експлозија, во која загинаа најмалку 100 лица, а беа повредени 4.000 други.
Официјални лица изјавија дека очекуваат бројот на загинатите да се зголеми бидејќи екипите за вонредни состојби сè уште копаат во урнатините во потрага по преживеани.
Причината за експлозијата сè уште не е позната, но властите ја поврзуваат со приближно 2.700 тони конфискуван амониумнитрат складиран во хангар во пристаништето.
Генералниот директор на пристаништето во Бејрут, Хасан Корајем, изјави дека во објектот бил складиран високоексплозивен материјал уште пред шест години, врз основа на судски налог, објави локалниот радиодифузер ОТВ.
Корајем посочи дека царинското одделение и државната безбедност побарале од надлежните органи да го извезат или отстранат материјалот, но дека ништо не се случило. Тој нагласи дека во близина немало складирани експлозиви.
Во меѓувреме, либанските власти решија да го користат пристаништето во Триполи како привремена замена за пристаништето во Бејрут, кое уништено од експлозијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.