Европа
Макрон не ја прифатил оставката на премиерката на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон не ја прифатил оставката на премиерката Елизабет Борн, соопштија денеска од Елисејската палата, само два дена по парламентарните избори, на кои владејачката коалиција ја загуби апсолутната моќ.
Шефот на државата ќе изврши „неопходни политички консултации за да се најдат конструктивни решенија во служба на Французите“, се наведува во соопштението објавено пред почетокот на серијата состаноци на Макрон со шефовите на партиите денеска и утре.
Макрон ја одбил понудената оставка „за владата да биде посветена на својата работа во актуелните денови“, јавува БФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Најавен прекин на патувања низ Европа – технички проблеми во германската контрола на летови

Технички проблеми во германската контрола на летови денеска ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт.
Како што пренесува „Билд“ се работи за софтверски проблем.
„ Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт“, наведе операторот на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.
Проблемите биле пријавени во центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација ДФС, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.
Центарот Ланген го контролира воздушниот простор во централна Германија со важни аеродроми како Дизелдорф, Келн и Франкфурт, објави „Телеграф“. Областа се протега од Касел до езерото Констанца и од француската граница до Тирингија. Летовите не беа погодени бидејќи ги надгледуваат контролорите во центарот во Карлсруе.
„Ројтерс“ пишува дека поради проблемите на германскиот контролор на летот се очекува прекин на патувањето низ Европа.
Според Фрапорт, поради овој проблем е зафатен целиот европски воздушен простор. Во Франкфурт има доцнења и изолирани откажувања на летови, објави аеродромскиот оператор.
Европа
(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Околу 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе ги собере шефовите на држави и влади на 30 земји-членки на НАТО и уште десетина лидери на земји партнери, во екот на војната во Украина, која ја предизвика најголемата безбедносна криза од Втората светска војна.
Денеска се планирани две работни сесии на ниво на шефови на држави или влади, а утре, на последниот ден од самитот, една работна сесија на највисоко ниво.
Големи полициски сили се распоредени во Мадрид како дел од најголемата безбедносна операција во поновата историја на Шпанија пред почетокот на самитот, на кој се очекува да има околу 5.000 учесници. Полицијата на коњ и пеш патролира низ градот, а воздушниот простор е заштитен со десетици хеликоптери.
Според шпанското Министерство за одбрана, борбените авиони и противвоздушната одбрана се во висока готовност. Информативните мрежи се под засилен надзор поради опасноста од сајбер напади.
Бидејќи делови од градот беа блокирани поради самитот, шпанските власти ги повикаа граѓаните на Мадрид да работат од дома во наредните денови.
#Spain WATCH: Police show security measures for NATO’s 2022 Madrid Summit https://t.co/RSL4DVnBHJ
— Jose F. Valentin (@jovajo) June 28, 2022
Покрај лидерите на 30-те земји-членки на НАТО, на самитот беа поканети и лидерите на уште десетина земји, меѓу кои Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја и Грузија. Засега не е потврдено дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе дојде на самитот или ќе им се обрати на учесниците на состанокот преку видео врска.
Во Мадрид се и лидерите на Шведска и Финска, земји кои аплицираа за членство во НАТО. На состанокот учествуваат и лидерите на ЕУ – претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Police are stepping up security measures around the FEMA Exhibition Center in Madrid, where the NATO summit will take place from June 28 to 30.
Police are checking manholes around the center's perimeter and evacuating parked cars in the security zone. #NATO #Trending #TrendingNow pic.twitter.com/96QVfgcF24— Awixy's blog (@Awixy2) June 27, 2022
Пред самитот во Мадрид, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе го зголеми бројот на војници во состојба на готовност од околу 40.000 на повеќе од 300.000, пренесе „Ројтерс“.
На дневен ред на самитот е прашањето како рускиот напад врз Украина и новата безбедносна реалност во Европа влијаат на пристапот на НАТО кон одбраната и одвраќањето. Меѓу приоритетите се зголеменото влијание на Кина и безбедносните последици од климатските промени, како и други закани како тероризмот и нестабилноста во Северна Африка и Сахел.
Европа
Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда стигна и од НАТО.
Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата на Турција по нивниот пристап.
„ Постигнат е трипартитен договор“, соопшти НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали.
Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид. Како што е познато, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше голема резерва за членството на двете земји, обвинувајќи ги дека се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму. Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина.