Контакт

Европа

Меркел и Оланд со осуда за нападот во Истанбул

Објавено пред

 

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство во врска со нападот за време на новогодишната прослава во ноќниот клуб во Истанбул, во кој беа убиени 39 и ранети 70 лица, нагласувајќи дека „терористите извршиле нехуман напад врз луѓе, кои заедно сакале да ја прослават Новата година“.

„Моите мисли денеска се со жртвите, нивните семејства и пријатели“, рече Меркел.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер исто така упати сочувство до оние кои ги загубиле своите блиски.

Тој осудувајќи го овој „суров и кукавички напад“ нагласи дека неговата земја „стои до Турција во овие тешки мигови“.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд упати порака за солидарност со народот на Турција по нападот, соопшти Елисејската палата.

„Претседателот на републиката остро го осудува терористичкиот напад, во кој загинаа најмалку 39 лица за време на новогодишната забава во истанбулската дискотека“, се вели во соопштението.

Оланд нагласи дека е неопходно да се обединат силите и со заеднички напори да се води борбата против тероризмот насекаде во светот.

Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано смета дека е потребно единство меѓу државите и континентите за да се води борба против тероризмот. Тој на
Твитер наппиша дека новогодишниот напад во Истанбул е показател дека борбата против тероризмот не запира за време на празниците./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русите погодија минибус во Херсон, со дрон нападнаа 70-годишник на велосипед

Објавено пред

Двајца мажи беа ранети во руски напади во регионот Херсон утрово, а во самиот Херсон беше погоден минибус за јавен превоз.

Руските сили го гранатираа Новораиск, село во близина на Херсон, со повеќе ракетни фрлачи околу 6 часот наутро. 63-годишен маж претрпел рани од шрапнели на ногата, потрес на мозокот, повреди од експлозија и затворена повреда на главата. Тој беше однесен во болница, каде што лекарите ја оценија неговата состојба како умерено сериозна.

Околу триесет минути подоцна, во близина на Инженерне, село во близина на Херсон, руските сили нападнаа со дрон 70-годишен маж кој возел велосипед. Човекот претрпел рани од експлозија и рани од шрапнели на екстремитетите. Му беше укажана медицинска помош и се во тек понатамошни тестови.

Минибус погоден во Херсон
Околу 7 часот наутро, руските сили нападнаа возило за јавен превоз во округот Днепровски во градот Херсон. Јарослав Шанко, началник на воената администрација на градот Херсон, изјави: „Овој пат приватен минибус беше цел на непријателски оган. Според првичните информации, ниту возачот ниту патниците не се повредени.“

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Орбан го даде првото интервју по изборите: „Јас сум виновен за поразот“

Објавено пред

Виктор Орбан го даде своето прво интервју по изборниот пораз на Фидес, признавајќи дека на партијата ѝ е потребен целосен ремонт и дека тој, како нејзин лидер, ја сноси одговорноста.

Во интервју емитувано во четврток вечерта, унгарскиот премиер во заминување објави дека политичката ера завршила и дека доаѓа реорганизација што ќе биде завршена до крајот на летото.

По изборите на 12 април, Орбан се огласи само на Фејсбук, велејќи дека повеќе од два милиони гласови овој пат се доволни за „чесен пораз“, објавува Telex.hu.

Орбан го опиша поразот како голем, а неговите последици како такви што нема да биде доволно да се променат само една или две позиции. „Потребна е целосна обнова бидејќи политичката ера заврши, мислам дека тоа е видливо и емоционално и во бројките. Десничарската заедница не може да продолжи да живее како порано“, рече тој.

Според него, целата национална опција има потреба од обнова, а ќе се појават многу нови движења. „Фидес и раководството на Фидес мора јасно да стават до знаење, вклучително и мене, дека сме тука и дека може да се смета на нас“, рече тој, додавајќи дека во наредните недели ќе се сретне со активисти и волонтери во изборните единици и ќе предложи свикување изборен конгрес на партијата.

Зборувајќи за изборната ноќ, Орбан рече дека видел дека ќе има проблеми дури и по првите резултати. Кампањата се темелела на претпоставката за нормална излезност, но таа била значително поголема.

„Видов дека е проблем и поминав низ тој емотивен ролеркостер во кој сите сме од тогаш“, рече тој, опишувајќи ги своите чувства. „Во недела, само болка, во понеделник, празнина, а од тогаш сум на работна терапија“.

И покрај поразот, тој им рече на гласачите на Фидес дека добро гласале и дека имаат причина да бидат горди на достигнувањата на владата. „Мора да го поднесете поразот со достоинство. Тоа е тест на силата“, смета Орбан.

Кога директно го прашаа кој е одговорен за поразот, Орбан одговорил: „Јас. Јас сум претседател на партијата“. Тој објасни дека во партијата има одговорност за намерата, но дека тој е исклучок како лидер бидејќи е одговорен за резултатот. Призна дека самиот бил во шок и дека сè уште нема одговор зошто не можел поубедливо да ги презентира пораките на Фидес.

„Не кажав нешто како што треба, бидејќи вториот предлог доби многу повеќе гласови“, рече тој. Да го знаеше конечниот исход, ќе водеше поинаква кампања, но тврди дека неговата порака „дошла од срце“ и дека „искрено разговарал со сите за ситуацијата во земјата“.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија се заканува со акција против четири членки на НАТО

Објавено пред

Секретарот на рускиот совет Сергеј Шојгу ги предупреди Финска, Естонија, Латвија и Литванија дека Москва го задржува правото на она што го нарече „самоодбрана“ доколку украинските беспилотни летала ја нападнат Русија користејќи го нивниот воздушен простор.

Коментарите следеа по посебно предупредување издадено од Москва еден ден претходно, во кое се вели дека европската поддршка за украинските беспилотни летала може да доведе до „непредвидени последици“, објави „Киев Индепендент“.

Обвинувањата на Шојгу
Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија на почетокот на целосната инвазија во 2022 година, обвини неколку земји дека стануваат дел од „стратешката позадина“ на Киев. Тој се осврна на инцидентите во кои беспилотни летала се урнаа во Финска и балтичките држави за време на украинските напади врз Уст-Луга, големо руско пристаниште во Финскиот Залив.

Без да даде докази, Шојгу тврдеше дека украинските напади со беспилотни летала врз Русија сè повеќе се лансираат од воздушниот простор на Финска и балтичките држави.

„Ова може да се објасни на два начина: или западните системи за воздушна одбрана се исклучително неефикасни… или тие земји намерно дозволуваат користење на нивниот воздушен простор, што значи дека се активни учесници во агресијата против Русија“, рече тој.

„Во тој случај, според меѓународното право, стапува на сила член 51 од Повелбата на ОН, кој се однесува на неотуѓивото право на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.“

Од друга страна, украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибига претходно изјави дека Киев има разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија намерно ги пренасочува беспилотните летала кон балтичките држави и Финска за да поттикне тензии.

Балтичките држави ги отфрлија сличните обвинувања што доаѓаат од руските пропагандни медиуми, нарекувајќи ги тврдењата на Москва лажни и негирајќи дека Украина го користела нивниот воздушен простор за напади.

Русија постојано им се заканува на европските земји од почетокот на нејзината целосна инвазија. Полскиот премиер Доналд Туск и други високи европски претставници претходно предупредија дека Москва би можела да биде подготвена за можен воен конфликт со Европа до 2027 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника12 минути

Минибус со навивачи оштетен кај Битола: напад од група граѓани на патот Прилеп–Ресен

На 17 април околу 23:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, кај крстосниците Ротино и Кукуречани,...

Економија57 минути

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука...

Македонија1 час

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема...

Македонија1 час

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка...

Македонија1 час

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника1 час

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ2 часа

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија2 часа

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија2 часа

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...