Свет
Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе од 253.000 нови случаи на вирусот, соопшти Светската здравствена организција.
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број смртни случаи надмина 728.000, пренесува ТАС С.
Најлоша е состојбата во САД, Бразил и во Индија, кои бележат повеќемилионски случаи на инфекција, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.
Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде што од појавата на вирусот се разболеле 361.442 лица, а починале 28.503, односно оваа земја е на 10. место во светот по бројот на заболени.
Италија, која своевремено беше втора по бројот на инфекции, сега е на 16. место со 250.566 заболени и 35.205 смртни случаи.
Во регионот ситуацијата е сè уште најтешка во Романија, каде што регистрирани се 61.768 случаи на инфекција и 2.700 починати поради што земјата е на 41. место во светот, а потоа следува Србија, која е на 60. место со 28.099 регистрирани пациенти и 641 смртен случај.
Кина, каде што првпат се појави вирусот, бележи 49 нови случаи, вкупно се разболеле 84.668 лица, а 4.634 починале.
Кога станува збор за земјите од Блискиот Исток, најтешка е ситуацијата во Иран, каде што вкупно 326.712 лица се разболеле, а 18.427 пациенти починале.
Најдобра е состојбата во карипските земји Сент Пјер и Микелан и Ангвила, каде што се пријавени само четири, односно три случаи на зараза.
Северна Кореја нема пријавено случаи на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.