Свет
Од затвор во Кенија избегал сериски убиец – убивал момчиња и им ја пиел крвта

Сериски убиец, кој признал убиство на најмалку 14 деца во Кенија, избегал од затворската ќелија во Најроби.
Мастен Вањала вчера требало да се појави на суд под обвинение за убиство на најмалку 14 момчиња, но полицијата за време на прозивката забележала дека тој повеќе не е во ќелијата, пишува Би-би-си.
Вработените во затворот што биле на должност во моментот на неговото бегство се уапсени.
Вањала беше приведен за време на полициската истрага за серија убиства на деца, што ја шокира нацијата.
Властите сега почнаа потрага по серискиот убиец, што го опишаа како исклучително опасен.
Вањала беше уапсен во јули и призна дека дрогирал и убивал момчиња и во некои случаи им ја пиел нивната крв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотресот во Турција и Сирија низ фотографии

Светот во неверување, Турција и Сирија завеани во црнила и тага.
Земјотресите што во понеделникот ги погодија овие земји однесоа над 12.000 животи. Илјадници се затрупани под урнатините на срушените згради, се води трка со времето за спасување на животите на преживеаните.
Фотографиите во прилог говорат за катастрофата, спасените и загубените животи, човечките судбини.
Татко ја држи раката на својата почината ќерка
Куче спасено од урнатините во Турција
„Каде е мајка ми?“: зборовите на девојче извлечено по 20 часа од урнатините
Погреб наместо свадба – маж ја оплакува својата вереница која загина во земјотресот
(Видео) Емотивна средба меѓу татко и бебе спасено од урнатините во Турција
Свет
Куче спасено од урнатините во Турција

Спасувачите во Турција извлекоа куче од под урнатините на зграда во градот Хатај, 55 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните региони на Турција.
Бројни спасувачки тимови продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од разорните земјотреси. Тим волонтери денеска успеа да спаси куче кое 55 часа било заглавено под урнатините.
Медицинскиот тим потоа го покри кучето со ќебе за да се стопли.
Медиумите од Турција, претходно јавија и за спасен папагал. Повеќе за спасувањето на птицата прочитајте ТУКА.
Свет
Бројот на загинатите во земјотресите се искачи над 12.000 лица

Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија вечерва се искачи на 12.049 лица.
Најмалку 1.730 луѓе во Сирија загинале на територијата под контрола на опозицијата во северозападниот дел на земјата, додека 1.262 лица загинале во областите во земјата контролирани од владата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека бројот на загинати во Турција се искачи на 9.057.