Контакт

Европа

Офицер убил двајца и ранил едно лице во Тајланд

Објавено пред

Офицер отворил оган врз своите соработници на Воениот колеџ во Тајланд рано во средата, при што убил две лица, а ранил уште едно, соопштила војската.

dobivaj vesti na viber

Еден маж починал на местото на настанот, а другиот починал откако бил пренесен во болница, се вели во соопштението на тајландската војска. На ранетиот му била укажана лекарска помош во болница.

Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но бил уапсен пред комплексот на командата за обука на армијата, во кој се наоѓа Воениот колеџ, во главниот град Бангкок.

Војската соопштила дека првичните информации укажуваат дека 59-годишниот офицер страдал од стрес и здравствени проблеми.

Војската не соопштила каков вид на огнено оружје е употребено.

Европа

Детали за нападот во Солинген: По случаен избор ги избодел жртвите во врат

Објавено пред

Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што настана по злосторството“. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на градот.

dobivaj vesti na viber

Локалниот весник Solinger Tageblatt објави дека три лица загинале, а најмалку девет се повредени, од кои неколку се животна опасност. По нападот, градот Солинген целосно ја откажа прославата на 650-годишнината. Настаните планирани за викендот исто така се откажани, соопштија од градот.

Инцидентот се случил на Фронхоф, пазар во центарот на градот, каде што била поставена музичка сцена. Билд објави дека човекот по случаен избор ги избодел случајните минувачи за време на фестивалот на годишнината на градот.

Властите побараа од жителите да го напуштат центарот на градот по нападот. Полицијата прогласи тревога и повика на потера. Вооружени полицајци беа на лице место и опколија големи области на градот. Поставени се и бариери низ градот.

На терен се и специјалните полициски единици од целиот регион Северна Рајна-Вестфалија. Солинген има околу 160.000 жители.

Се наоѓа во близина на поголемите градови Келн и Дизелдорф во најнаселената германска провинција.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Објавено пред

Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам дека претседателот донесе одлука“, изјави Анатолиј Антонов, а јави руската државна новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Цврсто верувам дека сите ќе бидат строго казнети за она што се случи во областа Курск“, рече Антонов, но не наведе дополнителни детали за плановите на Путин.

За потсетување, вчера во Кремљ беше одржан состанок на високи функционери поради украинската инвазија во областа Курск, на која учествуваа Путин и гувернерите на пограничните региони. На средбата се разговараше за ненадејната инвазија на Украина во руската област Курск, која трае повеќе од две недели.

Тоа е најголемиот упад на странска воена сила во Русија од Втората светска војна.

Рускиот амбасадор Антонов додаде дека САД планираат да ги отстранат сите ограничувања за употребата на оружјето доставено до Украина. Актуелната управа се однесува како човек што ја подава едната рака, а со другата држи кама зад грбот“, рече Антонов.

„Тие во суштина го поставија теренот за одлука, едноставно да се отстранат сите постојни ограничувања во одреден момент, без многу размислување“, рече тој.

САД ѝ обезбедија на Украина воена помош во вредност од повеќе од 55 милијарди долари од 2022 година, но не му дозволија на Киев да користи оружје со долг дострел на руска територија, освен ако не се користи за одбранбени прекугранични операции или одмазднички оган.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија ќе дели златни визи: што е тоа и кој покажува најголем интерес

Објавено пред

Унгарија од почетокот на следната година ќе ги лансира т.н. златни унгарски визи одобрени од владата на Орбан.

dobivaj vesti na viber

Тоа, дефинитивно, нема да му се допадне на Брисел, кој со години се бори со Орбан за разни политики и одлуки.

Која е програмата за унгарска златна виза?

Програмата им овозможува на инвеститорите да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош, што овозможува слободно движење во рамките на шенген под услов да купат недвижен имот во вредност од најмалку 500.000 евра.

Друга опција е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижности издадени од Унгарската народна банка.

Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.

Русите и Белорусите не се исклучени од програмата. Ова може да ја разбесни ЕУ

Оваа програма може да предизвика незадоволство во Европската Унија бидејќи не ги исклучува граѓаните на Русија и Белорусија и покрај фактот што Русија води војна против Украина, а Белорусија ја поддржува руската агресија.

Од јули оваа година руските и белоруските граѓани може да влезат во ЕУ преку Унгарија како странски работници со национална лична карта, што им овозможува слободно да се движат во шенген.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителството со жалба бара повисоки казни за случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје поднесе жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен...

Европа4 часа

Детали за нападот во Солинген: По случаен избор ги избодел жртвите во врат

Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата...

Македонија17 часа

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска вели дека е потребно целосно размонтирање на убиството кое деновиве се...

Европа23 часа

Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Владимир Путин донесе одлука да одговори на упадот на Украина во Русија, изјави рускиот амбасадор во САД. „Искрено ви кажувам...

Регион23 часа

Нови детали за трагедијата во Нови Сад: двегодишното дете пронајдено во рацете на мајката, соседите се обиделе да го скршат ѕидот и да ги спасат

Maja С. (23), Данијел А. (29) и четири деца на возраст од 2, 4, 5 и од 7 години загинаа...

Македонија23 часа

На Богородица запленет златен и сребрен накит со проценета вкупна вредност од над половина милион денари

Запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограм сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден...

Македонија1 ден

Наставниците не се депримирани само поради платите, туку и од непочитувањето од родителите и учениците: Јаневска засега не гледа можност за зголемување на средствата

По вчерашната изјава на министерка за образование и наука, Весна Јаневска, дека нема да има зголемување на платите на наставниците,...

Македонија1 ден

(Видео) Голем пожар во фабриката „Ником“ во Кавадарци

Вчера вечер од 10:30 часот, голем пожар ја зафати фабриката за дрвена амбалажа, Ником ДОО Кавадарци. Пожарот бил локализиран околу...

Македонија1 ден

„СДС очајно се обидува да го спаси судијата Пајазити, а крие и скандал – приведените за убиството кај „Мавровка“ избегале од затвор во нивно време“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на јавноста и презентира наоди за случајот со Блерим Рамадани ни помалку ни повеќе во прашална форма. Ова зборува...

Регион1 ден

(Видео) Голем пожар во Нови Сад, загинаа родители и четири деца

Во Нови Сад синоќа околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа. Како што пренесува српски...

Европа1 ден

(Видео) Повторно еруптира вулкан на Исланд

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка...

Свет1 ден

(Видео) Камала Харис ја прифати номинацијата, го одржа најважниот говор во својот живот

Потпретседателката на Демократската партија Камала Харис го одржа најголемиот говор во својот живот, на последната вечер од Демократската национална конвенција...

Македонија1 ден

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија2 дена

Во март 2025 година минималната пензија ќе биде 18.192 денара, за дваесет години – петпати се зголемил трошокот на државата за пензиите

Парите со кои државата го помага исплаќањето на пензиите за две децении петкратно се зголемиле. „Макфакс“ направи анализа на трошоците...

Македонија2 дена

МВР: Мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика

Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, МВР...

Македонија2 дена

Движењето ЗНАМ: Епохално неспособниот СДСМ, во чиј мандат ѝ го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата, нема право да го коментира нашето дејствување

„Епохално неспособната СДСМ во чиј мандат му го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции на државата нема право да...

Скопје2 дена

Мицкоски: Ги замолувам советниците на следната седница на Советот на Град Скопје да ги изгласаат програмите, но ништо нема да се смени

„Мислам дека за Арсовска периодов премногу се кажа сѐ, би кажал дека е единица мерка на личност што создава непријатели...

Македонија2 дена

Врховниот го укина решението на Кривичниот суд за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани, со кое...

Македонија2 дена

Мицкоски: Секој што згрешил пред законот – ќе одговара, убиството кај „Мавровка“ е расчистено, институциите експресно реагираа

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и за загубениот човечки живот“, рече претседателот на Владата на...

Скопје2 дена

Очекувавме седница, но се закажа само затворена координација со градоначалничката, се жалат советниците во Град Скопје обвинети дека ја кочат Арсовска

Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки...