Свет
Починa Леонид Кравчук, првиот претседател на Украина

Почина првиот претседател на Украина. Леонид Макарович Кравчук, првиот претседател на постсоветска Украина, почина денеска на 88-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми. Почина по долго и тешко боледување.
Кравчук беше еден од потписниците на договорот за Беловарската шума, со кој СССР се трансформираше во Заедница на независни држави.
Кравчук беше избран за претседател на Врховната рада на 23 јули 1990 година, а по неуспешниот пуч во август 1991 година во Москва, поднесе оставка од КПС и ја прогласи Украина за независна од Советскиот Сојуз.
Тој беше избран за прв претседател на независна Украина на претседателските избори во декември 1991 година.
За време на неговиот мандат, Кравчук ја сврте Украина кон Запад и беше еден од ретките лидери во светот кои ја исчистија својата земја од нуклеарно оружје, пренесуваат украинските медиуми. Како што наведуваат, Кравчук не успеал да се справи со корупцијата, што било причина за лошо спроведената приватизација на државниот имот.
Најголемиот неуспех за време на мандатот на Кравчук се смета колапсот на Црноморската пароброд компанија во Одеса, дотогаш најголемата трговска флота во светот, додава украинската агенција.
Поради колапсот на економијата и растечките тензии со Русија, украинските гласачи на претседателските избори во 1994 година го избраа Леонид Кучма, кој вети дека ќе се бори против корупцијата, ќе ја обнови економијата и ќе ја зголеми соработката со Русија.
По поразот на изборите, Кравчук ги здружи силите со неколку украински олигарси и со нив ја основа Социјалдемократската партија на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ердоган: Мицотакис повеќе не постои за мене

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повеќе не постои за него бидејќи за време на неговата посета на САД се обидел да ја блокира продажбата на воените авиони Ф-16 на Турција.
„Се договоривме да не вклучуваме трети земји во нашиот спор. Сепак, тој ги посети САД минатата недела и ги предупреди во Конгресот да не ни даваат Ф-16“, рече Ердоган на прес-конференција по седницата на владата.
„Тој веќе не постои за мене. Никогаш повеќе нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме со чесните политичари“, додаде тој.
Свет
Москва до Западот: Ако ги отвориме пристаништа, укинете ги санкциите

Минатата недела ОН побараа од Русија да го отвори пристапот до украинските пристаништа на Црното Море – да дозволи извозот на жито да продолжи. Шефот на Светската програма за храна на ОН, Дејвид Бисли, сугерираше дека затворањето на пристаништата ја влошува кризата со храна.
Русија бара да се ревидираат санкциите наметнати на Москва во замена за отворање на пристаништето, наведува новинската агенција „Интерфакс“.
Украина, еден од најголемите светски производители на жито, ги користеше своите поморски пристаништа за најголемиот дел од својот извоз.
Свет
(Видео) Експлозија во ресторан во Абу Даби, има загинати и повредени

Две лица загинаа, а 120 се повредени во експлозија на плинска боца во ресторан во Абу Даби, објави полицијата на Твитер.
Во експлозијата беа оштетени и неколку продавници.
Екипите за цивилна одбрана го гаснат пожарот, јавува „Ројтерс“.